Општина Гара Зелениково

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Гара Зелениково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Гара Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите шест населени места.[2]

Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гара Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Зелениково со неговите села Вражале, Градовци, Зелениково, и Орешани.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гара Зелениково бил укинат и неговата општинска територија припаднала на обновената Општина Зелениково.[4]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гара Зелениково имал 1,334 жители, односно вкупното население на Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[5]

Народност Вкупно
Македонци 1,194
Албанци 47
Турци 30
Роми 35
Срби 25
Хрвати 2
Руси 1

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads