Вражале

село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia

Вражалеmap
Remove ads

Вражале — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, во состав на Општина Зелениково, недалеку од Скопје.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 16 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 164 жители.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вражале живееле 240 жители, сите Албанци.[4]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 535 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[6]

Во 1961 година селото има 572 жители, додека во 1994 година има само 167 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Вражале живееле 102 жители, од кои 101 Албанец и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, од кои 23 Албанци, 1 Турчин и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Вражале е албанско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

  • Доселеници: Бакијалар (19 к.) по потекло се од фисот Шаља во северна Албанија (од околината на Скадар) Овде се доселиле кон крајот на 18 век. Се знае следното родословие. Алим (жив на 34 год. во 1951 година) Шефик-Максут-Асан-Баки-Јусуф, кој се доселил; Сефалар (6 к.), Касамлар (4 к.) и Шабанлар (5 к.) порано биле еден род со родот Бакијалар, но се одродиле; Љамалар (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Алим (жив на 38 год. во 1951 година) Шабан-Амет-Рустем-Шабан-Исљам, кој се доселил во селото; Уталар (17 к.) потекнуваат од северна Албанија. Основачот на родот се викал Даут. Овде живеат од кога и претходните родови, од крајот на 18 век; Вогљалар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселиле кон средината на 19 век. Го знаат следното родословие. Иљаз (жив на 48 год. во 1951 година) Пајазит-Иљаз-Јусуф, кој се доселил во селото; Зималар (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде живеат од средината на 19 век. Основачот на родот бил Ќазим, кој бил брат на Јусуф, основачот на родот Вогљалар; Шаиналар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Џине (5 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде се доселени од селото Тисовица, каде имаат истоимени роднини.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Албански иселеници до 1951 година од селото има во Скопје (20 семејства) и во Турција (2 семејства).[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads