Општина Гумалево
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Гумалево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Гумалево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Гумалево, Дејковец, Добрино.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите три населени места.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гумалево бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Палиград со неговото село Тисовица.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гумалево бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Зелениково.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гумалево имал 1,175 жители, односно вкупното население на Гумалево, Дејковец, Добрино. Од 1,175 жители, 1,163 биле Македонци, додека 12 биле Роми.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads