Дејковец
село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дејковец — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во северното подножје на планината Голешница.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 104 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дејковец живееле 185 жители, сите Албанци[4].[5]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 257 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[7]
Селото броело 212 жители во 1961 година, додека во 1994 година живеат само 117 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Дејковец има 84 жители, сите Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Дејковец е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Вајље (8 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Џемаил (жив на 27 год. во 1951 година) Садик-Фета-Сали-Имер, основачот на родот кој се доселил; Коваче (5 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Топол (13 к.) доселени се од Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија. Го знаат следното родословие. Руфат (жив на 57 год. во 1951 година) Бајрам-Синан, основачот на родот кој се доселил; Теш (7 к.) доселени се од северна Албанија, го знаат следното родословие. Минир (жив на 40 год. во 1951 година) Абаз-Ариф-Бектеш, основачот на родот кој се доселил; Пел (6 к.) доселени се од Чаја во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Џавид (жив на 62 год. во 1951 година) Бајрам-Незир, кој се доселил во селото. Од старото место се иселиле тројца брака, првиот се населил во селото Дејковец, вториот во селото Добрино, а третиот не се знае каде се населил; Камероски (5 к.) доселени се од северна Албанија; Цене (1 к.) биле најмлади доселеници од селото Тисовица. Таму имале истоимени роднини, подалечно потекло од северна Албанија; Теш (4 к.) тие живееле во Долни Дејковец, Долни Дејковец било одвоено село од Дејковец. А биле доселени од самото село Дејковец, каде биле роднини со истоимениот род.[14]
Remove ads
Галерија
- Поглед на селото Дејковец
- Поглед на селото Дејковец
- Поглед на селото Дејковец
- Поглед на селото Дејковец
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads