Добрино
село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добрино — село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во северното подножје на планината Голешница. Оддалечено е 45 километри јужно од Скопје.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство и се состои од 3 маала: горно, средно и долно.
Стопанство
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Исто така бил забележан и еден маж доселеник. Се проценува дека селото во тој период имало 116 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 218 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добрино живееле 240 жители, сите Албанци[4].[5]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и заедно со сите три маала има 418 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Добрино живееле 90 жители, од кои 89 Албанци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Добрино е албанско село. Според истражувањата во 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Љаље или Салиоски (17 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде дошле од дебарско. Старото село од каде што потекнувале се викало Љаљ. Салиоски се викаат по предокот Сали Ќаја, кој во селото имал уште 3 браќа, Алија, Емин и Мемиш. Овде живеат од 19 век. Го знаат следното родословие. Ислам (жив на 70 год. во 1951 година) Љатиф-Сали Ќаја-Исен; Коваче (14 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија, велат дека потекнуваат од областа Мердита. Овде се доселиле кога и претходниот род. Овде се доселиле преку Косово и Качаничка Клисура, а имаат свои роднини во селата Рашче (Коваче) и Романовце. Некои во селото тврдат дека овој род има ромско потекло; Етемоски (8 к.) доселени се од северна Албанија; Караџоски (6 к.) доселени се од северна Албанија; Стефалар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Калис (4 к.) името го добиле по областа Калиса во северна Албанија, од каде што потекнуваат; Браимоски (4 к.) доселени се од северна Албанија; Пел (7 к.) живееле во посебен дел во Средно Добрино. Потекнувале од фисот Чаја во северна Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа, најпрво населувајќи се во селото Зелениково. Го знаат следното родословие. Беџет (жив на 33 год. во 1951 година) Камил-Зумбер-Амет; Салиоски (8 к.) живееле во делот Горно Добрино. Они биле гранка од родот Љаље Салиоски, по што се одродиле.[14]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Кале — градиште-викус од доцноантичкото време.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од албанското население до 1951 година околу 15 семејства се иселиле во Турција, а некои и во Скопје, Бузалково и др.[14]
Стари македонски иселеници од селото има пак во Карабуниште (Соколовци), Белештевица (Трајковци) и во Блаце (Китановци, Дојчиновци, Велковци и Матовци).[14]
Галерија
- Поглед на средното маало на Добрино со селската џамија
- Стара селска куќа во Добрино
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads