Општина Орах
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Орах, именувана и како Месен народен одбор Орах ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Орах за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Дренок, Орах и Руѓинце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[1]
1915-1918
Општина Орах продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Орах продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Дренок, Орах и Руѓинце.[3][4][5]
1945-1952
Месниот народен одбор Орах бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Орах.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Руѓинце со неговото село Руѓинце. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Орах била укинат на сметка на соседната и проширена Општина Облавце.[9]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Орах имала 1,832 жители, односно вкупното население на Дренок, Орах и Руѓинце.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Орах имала 1,624 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[10][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Орах имала 1,799 жители, од кои 914 биле мажи, а 885 биле жени. Општината се состоела од 248 куќи и 250 домаќинства.[11]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Орах имал 1,637 жители, односно вкупното население на Орах и Руѓинце. Од таа бројка, 1,300 биле Македонци, додека 8 биле Срби.[12]
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads