Руѓинце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руѓинце — село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско.
Оваа статија се однесува на село во Општина Старо Нагоричане. За селото во Општина Липково со старо име Ругинце, погл. Руница.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Козјачија, околу 18 км североисточно од општинското средиште Старо Нагоричане. Северно од самото село минува автопатот А2, поточно делницата Куманово - Крива Паланка. Низ источниот дел на атарот, покрај неколку маала минува потокот Ругински Дол.
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Веља Страна.[2]
На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ругинци имало 520 Македонци, сите под Егзархијата, и во селото работело бугарско училиште.[3][4] Според тајна преписка на Бугарскиот конзулат во Скопје, во 1906 г. сите 65 куќи во селото под притисок на српската пропаганда го признале врховенството на Цариградската патријаршија.[5]
Во учебната 1907/08 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото има работело српско патријаршиско училиште.[6]
За време на Првата светска војна Ругинци имало 437 жители.[7]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Руѓинце имало 75 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 30 Македонци, 1 Србин и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Руѓинце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Нешинци (6 к.), Ивковци (6 к.) и Павловци (6 к.)
- Доселеници: Паланчанци (6 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Брештанци (6 к.) доселени се од селото Брешко; Калинци (5 к.) доселени се од селото Димонце; Чичарејци (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово; Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Орах; Николовци (4 к.) доселени се од некое околно село, козјачко; Додаци (6 к.), Мишаци (6 к.), Партурци (4 к.), Јовановци (2 к.), Милошовци (11 к.), Шолевци (1 к.), Мечкарци (2 к.) и Газдевци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Арсевци (3 к.) они се православни Роми.[15] Доселени се од селото Коњух.
Иселеништво
После Втората светска војна многу население се иселиле во разни градови од бивша Југославија.
Постари и понови иселеници имало и во Макреш (Младенови), Анѓеловци се иселиле некаде во Србија. А исчезнале и Глогинци.
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ (изг. 1894 г.)[16]
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Веља Страна — населба од железно време
- Градиште — утврдена населба од доцноантичко време
- Големо Рамниште — населба од средниот век
- Медведица — населба од средниот век
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads