Општина Чешиново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Чешиново
Remove ads

Општина Чешиново е поранешна општина во Македонија. Општината била основана во 1996 година[2], која била издвоена од општината Кочани. Општина Чешиново престанала да постои со територијалната поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Облешево ја создале новата Општина Чешиново-Облешево. Седиште на општината било селото Чешиново[2]. Месното население не било задоволно со спојувањето со Облешево, особено имало недоразбирање за името на новата општина, односно дали да се вика Облешево или Чешиново. Како компромис е добиено денешното име Чешиново-Облешево.

Општина Чешиново
денес дел од Општина Чешиново-Облешево

Thumb

Местоположба на поранешната општина Чешиново.
Општи податоци
СедиштеЧешиново
РегионИсточен Регион
Површина49 км2
Основана1996-2004
Службен јазикмакедонски
Демографија
Население2.419[1] жит.
Густина49.7 жит./км2
Населени места
НародностиМакедонци
Самоуправа
Контактни податоци
Remove ads

Географија

Општина Чешиново се наоѓала во најнискиот рамничарски дел од Кочанското Поле. Општината го заземала средното сливно подрачје на реката Брегалница, од нејзината десна страна. Чешиново, како седиште на Општината, зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини Кочани, Штип и Пробиштип.[3]

Општината имала површина од 49 км2 и припаѓала во групата на мали општини во Републиката. Чешиново располагало со најголема површина на обработливо земјиште во Кочанското Поле. Вкупната аграрна површина во општината зафаќала простор од 4.800 хектари, од кои 2.989 хектари биле обработливо земјиште, 1.780 хектари пасишта и 31 хектар шуми. Главна земјоделска култура била познатиот кочански ориз, а исто така почвата била погодна за производство и на шеќерна репа. Чешиново имала и еколошки здрава средина за развој на сточарството.[3]

Remove ads

Демографија

Население

Со оглед на малата површина, просечната густина на населението е зголемена и изнесува 49,7 жители на квадратен километар. Во општината претежно живеело македонско население[3]. Според последниот попис на населенето на Македонија од 2002 година, општината Чешиново има вкупно население од 2.419 жители. Во општината имало 794 домаќинства и 936 живеалишта[1]. Најголемо населено место во општината било селото Чешиново со 998 жители, а најмало било Врбица со 12 жители[1]. Во моментот кога се вршел пописот, општината сè уште опстојувала како засебна, а во 2004 година била припоена со Општина Чешиново-Облешево. Денес демографските податоци се во склоп на статистичките податоци за Општина Чешиново-Облешево. Според етничката припадност, во општината живееле[1]:

Повеќе информации националност, број ...
Јазик

Доминантен јазик во општината бил македонскиот, каде од 2.419 жители, 2.397 жител се изјаснил дека македонскиот му е мајчин јазик. Покрај македонскиот, влашкиот јазик го зборувале 19 лица, две лица зборувале српски и дополнително 1 лице зборувало на останат јазик[1].

Религија

Во поглед на религијата, православието била доминантна религија во општината. Од вкупно 2.419 жители, 2.415 жители биле следбеници на православието (МПЦ-ОА) и 4 жители се изјасниле како следбеници на некои од останатите религии[1].

Remove ads

Населени места

Седиште на општината било селото Чешиново. Во општината се наоѓале следните населени места:[2]:

Стопанство

Населението претежно се занимавало со земјоделство и сточарство. Во Чешиново биле сместени и стопанисувале повеќе индустриски и преработувачки капацитети. Најголем број од женската работна рака била вработена во модната конфекција „Јоти“.[3]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads