Чешиново

село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia

Чешиновоmap
Remove ads

Чешиново — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Кратки факти

Селото до 2004 година било административно седиште на некогашната истоимена општина и служи како главно село за останатите села во околината.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, сместено во средишниот дел на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 225 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 12 километри.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат со некогашниот патен правец Штип-Кочани, а со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3 се пристапува преку клучката кај Спанчево.

Чешиново е изразено низинско село, а во непосредна близина се наоѓа железничката пруга Кочани-Штип со железничката станица „Соколарци“ (наречена вака, бидејќи во 1960-тите години станицата се наоѓала 800 метри оддалечена од Чешиново, а денес скоро да е во самото село). Соседни села се Чифлик, Облешево, Соколарци и Уларци. Водата за пиење се добивала од два бунари - Бакамски и Ѓиров Бунар (длабоки 4 и 5 метри). Во останатите бројни бунари водата не е добра за пиење.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Барутница, Корито, Селско, Вртопи, Горни Џерен, Кула, Кинџурка, Долномалски Авлии, Црна Земја, Оризиште и Лака.[3]

Соколарци има збиен тип, а куќите се групирани во три маала: Долно, Средно и Горно Маало. Горното Маало се протега кон железничката станица.[3]

Remove ads

Историја

Чешиново е старо село што може да се заклучи од зачуваните староседелски родови. Постојат три такви рода, додека во минатото нивниот број бил поголем. Некои старинци имале своја земја дури и за време на отоманскиот период.[3]

Околу 1900 година, Чешиново имало околу 25 македонски куќи и своја земја имале само Ќимовци.[3]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 610 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[2]

Во селото работи погон за мелен камен во склоп на рудникот „Опалит“, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

Главна земјоделска култура е надалеку познатиот ориз, а исто така почвата е погодна за производство и на шеќерна репа.

Покрај споменатиот рудник „Опалит“, во селото се активни и следниве претпријатија: „Мак-Млин“, „Млин-Пајо“ - фабрика за луштење на ориз, „Бобик“, „Прогрес“, „Млин Кула - Прогрес“, „Ледер“ - погон за дрвна индустрија, „Естетика“ - погон за производство на гранитни плочки и мермер, бензинска пумпа „Еуро Петрол“, како и неколку занаетчиски дуќани „Автосан“, „Егеј“, „Б+“ и други. Најголем број од женската работна рака е вработена во модната конфекција „Јоти“ - погон за лесна конфекција.

Во отоманскиот период постоеле пет турски чифлици, чии сопственици биле Јашар-бег, Бедријан-бег и Дурак-бег од Кочани, како и некој Турчин со име Клинчар од Скопје и еден кратовски бег. На местото Кула се наоѓала кулата на Јашар-бег.[3]

Во периодот 1913-1915, земјата од чифлиците ја откупиле мештаните.[3]

На месноста Барутница за време на Турците се правел барут, а во тоа учествувале Ромите. На површината на месноста се забележуваат мали тумби.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чешиново живееле 310 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чешиново имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Селото е големо и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 1.134 жители, а во 1994 година 1.052 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало 998 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 727 жители, од кои 703 Македонци и 24 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Чешиново е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ќимовци (8 к.), Бакамци (5 к.) и Поровци (3 к.).
  • Доселеници: Богатиновци (7 к.), Тошевци (6 к.), Кузмановци (5 к.), Левковци (3 к.) и Лебарци (3 к.), доселени се во XIX век од селото Спанчево; Неделковци (10 к.) и Шоповци (6 к.), доселени се во XIX век од селото Страцин во Кратовско; Пиљавци (7 к.), доселени се во XIX век од селото Саса кај Македонска Каменица; Виткарци (4 к.) и Андоновци (3 к.), доселени се од селото Сарчиево во Штипско; Бурилчанци (3 к.), доселени се од селото Бурилчево; Цековци (3 к.), доселени се од селото Мојанци, а таму биле доселени од селото Спанчево; Трендафиловци (3 к.), доселени се од селото Соколарци; Паљут (1 к.) и Кучичанци (1 к.), првите се доселени од Спанчево, а вторите од Кучичино; Бојковци (8 к.), Ќировци (6 к.), Здравевци (4 к.) и Чочковци (4 к.), доселени се, но не знаат од каде.
Играорец во македонска народна носија во селото

Иселеништво

Се знае за староседелците Цијаковци (Илија Цијак и други) дека се иселиле во Кочани, а во турско време се иселиле и некои мештани од староседелскиот род Ќимовци (Аџи Станко и Митре). Други македонски иселеници од Чешиново живеат во селата: Чифлик (Кашовци, 6 к. и Златанови, 5 к.), Бурилчево (Шарковци, 5 к.), Облешево (Ставреви, 3 к. и Баба Ќекини, 2 к.) и Прибачево (Божиново, 3 к. и Апостолови, 2 к.).[3]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Чешиново било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.

Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Чешиново, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Ново Селани и Соколарци. Селото повторно било седиште на некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0875 и 0876 според Државната изборна комисија, сместени во поранешната општинска зграда и задружниот дом.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 717 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 748 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]

Редовни настани

Слави[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads