Орешец (Костурско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Орешец (Костурско)
Remove ads

Орешец — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Орешец, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, околу 24 км југозападно од градот Костур, на југоисточните падини на планината Гал’мбица.

Историја

Во османлиски дефтер од XV век во Јукару Орешица по име се заведени 40 глави на семејствата.[1]

Околу 1770 или во 1791 г. многу жители на Орешец и соседните Омотско и Слимница се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија) поради угнетувања од страна на албанското население.[2][3] Тие пристигнале во Пештера со сиот движен имот и добиток, па почнале да ги обиколуваат околните села Брацигово, Козарско, Кричим и Перуштица, барајќи место да се населат. Слимничани биле бичкиџии (обработувачи на дрво), омотчани биле градители, а орешчани — занаетчии: бојаџии, сапунџии, шарлаганџии, бочвари и џамбази. Се населиле во Брацигово, кајшто немало Турци. Девет слимничани се населиле во Перуштица, дел од омотчаните се населиле во Козарско и други омотчани и орешчани останале во Пештера, каде го основале Габер Маало.[3] Наследниот управник на Татарпазарџичката каза Хасан-бег Гаванозоолу им дал дозвола да се населат во Брацигово и да ги ја избегнат работата на оризарниците задолжителна за староседелците во замена за градителска работа на неговите седум чифлици секоја година. Во Брацигово омотчани, најмногубројни од доселениците, се населиле во северниот дел на селото и го основале Омотското Маало. Слимничани се населиле во источното маало, а орешчани, како најмалубројни, во средината на селото.[3]

Од Орешец потекнуваат брациговските родови Драговци, Ѓулеметовци, Велчевци, Ставревци, Златковци, Барбовци, Анастасовци, Бундевци, Василевци, Тилевци, Баџаровци, Кљанчевци, Гилинци, Бозовци.[4][5] Од Орешец се истакнатните мајстори Петко Боз, Никола Ѓулеметов и Кљанчо, кои учествувале во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 г.[4]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Орешац имало 15-20 куќи на словени (Македонци) христијани.[6][2]

Remove ads

Личности

Родени во Орешец

  • Анастас (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Анго (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Анго Гиливичин (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Баџо (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Барба (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Благо (~1756 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Бозо (~1731 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа, учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик во 1794 г.[2]
  • Бундо (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Драго (~1711[2] или 1715[7] - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа, учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик во 1794 г.[2]
  • Велчо (~1731 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа, учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик во 1794 г.[2]
  • Златен (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Кара Велко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Кисо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Кљанчо (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Коле Ѓулемет (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Мазњо (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Никин (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[2]
  • Пејко (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Пејо (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Петко Боз (1784 - 1846) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Темелко Ставрев (~1736 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]
  • Тиљо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[2]

Други

  • Ангел Драгов (1805 - 1885) — градител, по потекло од Орешец
  • Васил Петлешков (1845 - 1876) — револуционер, по потекло од Орешец
  • Димитар Гилин (1899 - 1975) — комунист, по потекло од Орешец
  • Иван Драгов (1810 - 1891) — градител, по потекло од Орешец
  • Илија Драгов (1852 - 1905) — градител, по потекло од Орешец
  • Кирил Ѓулеметов (1938 - 2004) — уметник, по потекло од Орешец
  • Христо Ѓулеметов (1899 - 1924) — комунист, по потекло од Орешец
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads