Ореше (Пиринско)

село во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ореше (Пиринско)map
Remove ads

Ореше село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Ореше, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Лештен се наоѓа на 23 километри североисточно од Неврокоп и на 12 километри североисточно од општинскиот центар Грмен, а најблиското населено место е Крушево. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1116 метри и спаѓа во историското и географското подрачје на Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 14.556 км2. Неговата географска локација е предуслов за одгледување на големи количини тутун, што е и главна егзистенција на населението таму.

Remove ads

Историја

Остатоци од две доцноантички цркви биле пронајдени во близина на селото. Едната е трикорабна базилика, сместена на 1 км југоисточно од денешното село, и функционирала од првата половина на 5 век до крајот на 6 век. Втората црква е оддалечена 300 метри од првата црква и не е доволно проучена.[1]

Османлиско Царство

Во список на селата и бројот на немуслимански домаќинства во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 година, селото Преше е запишано како село во кое живееле 25 христијански семејства.[2] Во османлиските документи селото често се среќава изпишано како Ореша (ﺍﻭﺭشــه).[3]

Во текот на XIX век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ореше (Oréché) е село со 30 семејства и 80 Помаци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 225 жители, сите Помаци[6] со 40 куќи.[7] Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Ореше има машко муслиманско население од 104 души, кое живее во 30 куќи.[8]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Денес, во селото живеат Помаци кои го практикуваат исламот. Денес нема здравствени установи или образовни институции во Ореше. Аматерскиот фудбалски клуб „Варбица“ игра во регионалната лига.

Remove ads

Население[4][9]

Повеќе информации Година, Жители ...
Повеќе информации Националност, Население ...
Население по возраст
од 2011 година
:[11]

Знаменитости

Селото Ореше е уште еден бисер на многуте непознати села на Родопите. Интересни глетки околу селото се неверојатната глетка со многу интересни карпести формации, стари дрвја и прекрасни зелени ливади. Интересни се и отворените антички гробници, подземен простор ограден со огромни тули каде човечките коски сè уште можат да се видат. Овие гробови со години чувале огромно количество злато и вредни историски предмети како што се бакарни садови, глинени садови и други, но варварските грабежи од ловците на богатство придонеле многумина од нив да исчезнат. Друго обележје во селото Ореше се римските мостови, кои со векови се во одлична состојба. Реката Варбица тече по селото. Во својата клисура формира прекрасни водопади и карпести формации. Во предградието на селото има многу куќи од целата римска населба, гробови и големи карпести формации.

Remove ads

Наводи

Редовни настани

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads