Оризарци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оризарци или Челтик (грчки: Ρύζια, Ризија; до 1926 г. Ορύζαρτση, Оризарци[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 333 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на околу 7 км јужно од градот Бојмица во областа Бојмија. Лежи по долното течение на реката Вардар, по нејзиниот излез од Циганската Клисура во Солунското Поле.
Историја
Во Отоманското Царство
Во османлиските дефетери на немуслиманското население на Ениџевардаската каза од 1632-33 г. селото е заведено под името Челтјукчијан со 45 даночно обврзани домаќинства.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Оризарци (Челтикъ) било село во Ениџевардарската каза со 380 жители Македонци.[5][6] Во селската црква „Успение на пресв. Богородица“ има икони на зографот Димитар Вангелов.[7]
На австроунгарската воена карта селото е означено како Челтик (Čeltik),[8] а на картата на Кондојанис се води како Оризарци (Ορυζάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Оризарци (Οριζάρτσι) било село со 20 христијански семејства.[9]
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари (Orizari) имало 488 Македонци егзархиски и во него работело бугарско училиште.[5][10]
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Оризарци (Челтик), 20 /III, 1 ч. од Бабаќово. Вкупно 72 македонски[11] куќи: 50 егзархиски и 12 патријаршиски. Последните станале гркомани минатата година. Се занимаваат со земјоделство и бубарство. Црквата има 3 погона ниви.[12] | “ |
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Оризарци било речиси целосно чифлигарско село со 81 семејство сочинето од 452 жители българи (од нив 308 чифлигари) и две цркви.[5][13]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Οριζάρτσι) имало 120 егзархисти и 240 патријаршисти.[9][14]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Балканските војни Оризарци имало 80 куќи на Македонци христијани.[15]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Оризарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Оризарци или Цертик (Ορυζάρτσι ή Τσερτίκ) имал 460 жители, од кои 230 мажи и 230 жени.[9] Поради грчкиот терор врз селото, во 1914 г. неколку семејства се иселиле во Бугарија, поради што во 1920 г. населението се намалило на 393 лица.[3] Во 1924 г. поради притисоците и малтретирањето на власта селото го напуштиле уште 211 жители (54 семејства)[3] На нивно место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и помал дел од Мала Азија. Малоазиските доселеници всушност биле жители на Киздервент — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[16][17]
Во 1926 г. селото е преименувано во Ризија.[18] Во 1928 г. Оризарци е претставено како мешано село со 658 жители,[3] од кои 434 лица (106 семејства) биле дојденци.[19]
Во 1940 г. се накачило на 758 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 259 биле староседелски Македонци.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads