Ослово
село во Воденско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ослово или Ослој (грчки: Παναγίτσα, Панагица, до 1926 г. Όσλοβο, Ослово[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 682 жители (2011). Во неодамнешното минато било населено исклучиво со Македонци, но Турците присилно ги одзеле имотите и целот осело така станало турска населба.[3] Денес населението е сочинето од грчки доселеници од Турција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа 5 км северно од Острово и 20 км западно од Воден. Лежи во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 720 м.[3]
Историја
Во древноста
Западно од Ослово во правец на Жерви е откриена Ословската древна населба која била населена од бронзеното време, па сè до хеленистичкиот период.[4]
Османлиско време
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ослово како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 Ослој (Osloy) е село со 55 домаќинства и 96 жители Македонци[7] и 115 Македонци-муслимани.[8][9]
На почетокот на XX век Ослово е заведено како село во Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Ослој (Ослави) живееле 50 Македонци[7] христијани и 1.100 Турци.[10] Целото хирстијанско население било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ослово (Oslovo) имало 16 Македонци[7] под егзархијата.[11] Последните македонски жители биле принудени да се преселат во соседното село Жерви.[3]
Припојување кон Грција
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Ослово било припоено кон грчката држава, кога имало 1.327 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како чисто турска населба со 350 куќи.[3] Во 1920 се евиентирани 1.274 жители, сите Турци.[3] Со размената на населението по Лозанскиот договор од 1923 г., Турците се иселиле во Турција, а на нивно место дошле Грци-доселеници од Понд, Тракија и Мала Азија. Пондите со себе ги донеле иконите и богослужбените предмети од родното место, кои датираат од XV-XVI век и денес се наоѓаат црквата „Успение на Пресвета Богородица“.[12]

Во 1928 г. селото било чисто доселеничко, со 180 семејства со вкупно 761 членови.[13][14] Во 1926 г. селото е преименувано во Панагица. Во Ослово има етнографски музеј.
Remove ads
Население
Намалувањето на населението низ децениите се должи на економската пасивност на селото, поради што дел од жителите се иселиле во поголемите градски центри во земјата и странство.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, во кое спаѓа и селото Жерви.
Стопанство
Ова е релативно сиромашно село. Главен производ е житото. Во последно време се развива и овоштарството, а делумно е развиено и сточарството.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads