Осој (Кичевско)

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Осој (Кичевско)map
Remove ads

Осој — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Осој се наоѓа во областа Горно Кичево, на 2 км североисточно од Кичево, во близина на планината Бистра.

Историја

Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осој живееле 250 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осој имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осој се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[5]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Осој:[6]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот од 2002 година, селото Осој има 593 жители, од кои 397 Македонци, 67 Албанци, 169 Роми, 2 Срби и 28 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 142 Македонци, 27 Албанци, 199 Роми, 1 останат и 41 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Осој е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите на XX век родови во селото се: Велковци (8 куќи), Марковци (5 куќи) и Павлевци (5 куќи) староседелци, кои живееле во раселеното село Долени; Грговци (7 куќи) и Симјановци (2 куќи) доселени се однекаде, во родот Грговци го знаат следното родословие: Стојан (жив на 62 г. во 1961 година) Максим-Мицко-Вељан, предокот кој се доселил; Ширговци (9 куќи) доселени се од селото Оздолени, Дебрца.[14]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Павлевци (5 куќи), Велковци (5 куќи), Марковци (6 куќи) и Грговци (7 куќи) овие родови се староседелски; Ширговци (8 куќи) доселени се од раселеното село Требичево кое се наоѓало кај Трапчин Дол.[14]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
  • Црква „Св. Петка“ — изградена и осветена во 2016 година[16]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 755 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на селото осој. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кнежино.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 167 гласачи.[18]

Редовни настани

Личности

  • Јордан Софронијов Лазорски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
  • Стефан Манески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Кочо Ѓорев Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]

Култура и спорт

== Иселеништво ==-->

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads