Офицерски дом (Битола)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Офицерски дом (Битола)
Remove ads

Офицерски дом, позната и како Сарајот на Абдулах Керим-паша, — зграда во Битола градена во периодот 1909-1919 година. Офицерскиот дом е обележје на битолската и македонската архитектура и е заведен како културно-историски споменик под називот Дом на ЈНА.[1]

Кратки факти Офицерски дом, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Thumb
Давање курбан при изградбата на зградата на Офицерскиот дом. На фотографијата се: артилерискиот полковник Шукри-паша (трет од лево), битолскиот валија (првиот со бастунот, највисок) и др. Браќа Манаки, 1909 година (оштетена плоча).

Градбата почнала да биде градена за потребите на османлиските офицери. Градбата била започната со изградба во 1909 година од страна на управникот на Битолскиот Вилает Абдул Керим-паша. Градбата била речиси завршена во 1911 година и поради воено политички причини не успеала да биде завршена во нивното време. Офицерскиот дом бил сосема довршен во 1919 година.

Според градското памтење, градбата била проектирана од еден архитект од Милано и еден од Виена. Според други усни кажувања, зградата била дело на архитекти од Виена, Австроунгарија и Италија. На неа работеле и мајстори од селото Смилево. Се споменува и дека со градбата раководел познатиот украински архитект Валери Гусин, најверојатно, белогардеец пребеган на македонски простори.

Thumb
Офицерскиот дом во 1912 година, видливо сè уште недовршен.

Градбата служела на елитата на повеќе војски, како палата за свечени приеми, забава и одмор. Биле одржувани многубројни балови. Влезот бил дозволен само за генерали и офицери. Македонската армија е последната која ја користела градбата, а после АРМ, градбата станала запуштена руина.

Карактеристично за внатрешноста на оваа градба е дека во 70-тите години на минатиот век, биле пренесени остатоците на двата лустери од Офицерскиот дом во Скопје. Од нив бил создаден еден лустер, кој до ден денес стои во свечената сала.

Remove ads

Архитектура

Thumb
Разгледница со Офицерскиот дом во Битола во 1930-тите.

Концептот за оваа градба бил замислен како синтеза на тврдина и палата. Тврдината може да се забележи во композицијата на градбата, преку појава на „кули“ и украсни топови, додека палатата се забележува во нејзината грандиозност и елеганција, преку високите плафони и прозорски отвори.

Редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски одлики, носи и печат на оригиналност и неповторливост. Карактеристични се еркерните балкони, покривната стреа и надвишувањето на четирите кули. Организацијата на фасадата е според правилото на вертикална симетрија, разчленета со хориозонтални декоративни делби. Објектот насетува влијание од „маварскиот“ стил, кој во периодот на XIX век најпрво влегува како влијание во Босна и Херцеговина. Појавата на овој историзам е реален во поглед на естетиката која е поблиска до турското население и муслиманската архитектура на арапскиот свет. Тоа се појавите на потковичестите, т.н сараценски лакови, сликовитост на фасадата и обилното пластично украсување. Сепак не може да се изостави познавањето на академизмот и класицизмот, според неговата потреба за апсолутна ориентација. Градбата е подигната на цокле, со што се овозможува елегантно скалишно пристапување кон градината, но и осветлување на подрумските простори. Зградата е поставена во правец запад – исток, со димензии од 37,2 метра со 17,9 метри. Висината на венецот е 13,9 метри, а до самиот покрив 17,3 метри.[2]

Remove ads

Споменик на културата

Кратки факти Дом на ЈНА, Општина ...

Офицерскиот дом е прогласено културно наследство. Одново, на 1 јули 2022 година, Офицерскиот дом бил прогласен за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads