Офицерски дом (Битола)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Офицерски дом, позната и како Сарајот на Абдулах Керим-паша, — зграда во Битола градена во периодот 1909-1919 година. Офицерскиот дом е обележје на битолската и македонската архитектура и е заведен како културно-историски споменик под називот Дом на ЈНА.[1]
Remove ads
Историја

Градбата почнала да биде градена за потребите на османлиските офицери. Градбата била започната со изградба во 1909 година од страна на управникот на Битолскиот Вилает Абдул Керим-паша. Градбата била речиси завршена во 1911 година и поради воено политички причини не успеала да биде завршена во нивното време. Офицерскиот дом бил сосема довршен во 1919 година.
Според градското памтење, градбата била проектирана од еден архитект од Милано и еден од Виена. Според други усни кажувања, зградата била дело на архитекти од Виена, Австроунгарија и Италија. На неа работеле и мајстори од селото Смилево. Се споменува и дека со градбата раководел познатиот украински архитект Валери Гусин, најверојатно, белогардеец пребеган на македонски простори.

Градбата служела на елитата на повеќе војски, како палата за свечени приеми, забава и одмор. Биле одржувани многубројни балови. Влезот бил дозволен само за генерали и офицери. Македонската армија е последната која ја користела градбата, а после АРМ, градбата станала запуштена руина.
Карактеристично за внатрешноста на оваа градба е дека во 70-тите години на минатиот век, биле пренесени остатоците на двата лустери од Офицерскиот дом во Скопје. Од нив бил создаден еден лустер, кој до ден денес стои во свечената сала.
Remove ads
Архитектура

Концептот за оваа градба бил замислен како синтеза на тврдина и палата. Тврдината може да се забележи во композицијата на градбата, преку појава на „кули“ и украсни топови, додека палатата се забележува во нејзината грандиозност и елеганција, преку високите плафони и прозорски отвори.
Редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски одлики, носи и печат на оригиналност и неповторливост. Карактеристични се еркерните балкони, покривната стреа и надвишувањето на четирите кули. Организацијата на фасадата е според правилото на вертикална симетрија, разчленета со хориозонтални декоративни делби. Објектот насетува влијание од „маварскиот“ стил, кој во периодот на XIX век најпрво влегува како влијание во Босна и Херцеговина. Појавата на овој историзам е реален во поглед на естетиката која е поблиска до турското население и муслиманската архитектура на арапскиот свет. Тоа се појавите на потковичестите, т.н сараценски лакови, сликовитост на фасадата и обилното пластично украсување. Сепак не може да се изостави познавањето на академизмот и класицизмот, според неговата потреба за апсолутна ориентација. Градбата е подигната на цокле, со што се овозможува елегантно скалишно пристапување кон градината, но и осветлување на подрумските простори. Зградата е поставена во правец запад – исток, со димензии од 37,2 метра со 17,9 метри. Висината на венецот е 13,9 метри, а до самиот покрив 17,3 метри.[2]
Remove ads
Споменик на културата
Офицерскиот дом е прогласено културно наследство. Одново, на 1 јули 2022 година, Офицерскиот дом бил прогласен за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење.[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads