Очипала
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Очипала, се среќава и како Очипале или Очипаре — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Remove ads
Географија и местоположба

Очипала се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, на оддалеченост од околу 5 км од Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри. Неговиот атар зафаќа површина од 6,7 км2.[2]
Историја
Во почетокот на XX век, Очипала било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 212 ха, шумите се на површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓаат 179 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Очипала живееле 10 жители, сите Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 92 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 73 жители, од кои 72 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Доселеници: Топчији (6 к.) доселени се во 1885 година од селото Драмче; Прдловци (3 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Малчове (3 к.) доселени се во 1911 година од селото Бигла; Мишеве (5 к.) доселени се во 1913 година од селото Бигла; Дуовци (4 к.) доселени се во 1914 година од селото Драмче; Јовановци (5 к.) доселени се во 1914 година од селото Киселица; Мандалевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Драмче.[11]
Remove ads
Општествени установи
Во селото има основно училиште до четврто одделение.
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0589 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на старото училиште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14]
Remove ads
Културни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Врница — могила од римско време
- Јурто — населба од доцноантичко време
- Пресечен Камен — градиште — градиште од доцноантичко време
- Топчин Могила — могила од римско време
- Чукарче — старохристијанска црква и некропола
- Цркви[16]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — нова црква во изградба
Личности
- Родени во Очипала
- Ратко Димитровски (р. 1956) — македонски стопанственик и политичар, поранешен градоначалник на Кочани
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads