Ојмјакон
село во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ојмјакон (руски: Оймякон, јакутски: Өймөкөөн) — село во Јакутија, Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Името на селото означува „вода што не замрзнува“ и потекнува од тоа што крај него има топол извор.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 500 жители (2011). Ојмјакон се наоѓа блиску до поларникот и времетраењето на денот варира од 3 часа преку декември до 21 часа во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие. Селото се наоѓа на околу 750 м надморска висина.
Клима
Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата и затоа го носи името „Северен Пол на студот“. Најниската измерена температура изнесува -68°С во метеоролошката станица Томтор во 1933 г. Според неофицијални извори, температурата во селото паднала и до -82 °C во 1916 г. Другиот претендент за најниска измерена температура е јакутскиот град Верхојанск, којшто се наоѓа зад поларникот.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads