ПУ „Јунус Емре“ - Челопеци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Јунус Емре“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Челопеци; скратено: ПООУ „Јунус Емре“) — подрачно основно училиште во селото Челопеци, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Челопеци.
Иако Челопеци се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.
Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.
Remove ads
Местоположба

Училиштето е сместено во самиот средиштен дел на селото Челопеци.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[3]
Вкупно има 19 ученици од прво до петто одделение, кои се распоредени во 2 комбинирани паралелки.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads