ПУ „Зоре Николоски“ - Староец

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ПУ „Зоре Николоски“ - Староец
Remove ads

Основно училиште „Зоре Николоски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Зоре Николоски“ - Староец; скратено: ПООУ „Зоре Николоски“) — подрачно основно училиште во селото Староец, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа над селото, спроти главната селска црква во Староец.

Кратки факти Зоре Николоски ...

Иако Староец се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.

Училиштето е именувано по македонскиот партизан и учесник во НОБ, Зоре Николоски.

Remove ads

Местоположба

Новиот објект на училиштето се наоѓа над селото во непосредна близина на црквата „Св. Јован Крстител“ во селото.

Историја

Наставата најпрвин се одржувала во стар објект, кој бил заменет со новоизградена зграда на училиштето во 2009 година од страна на Министерството за образование и наука.[3]

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Вкупно има 5 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 1 комбинирана паралелка.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads