ПУ „Страшо Пинџур“ - Уларци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Уларци; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во кочанското село Уларци, во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Уларци.
Историја
Училиштето било изградено во 1960 година.[2]
Услови
Училиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до петто одделение, а подоцна учениците продолжуваат да учат во селото Чешиново.
Галерија
- Поглед на училиштето
- Спортското игралиште
- Влезот
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads