Уларци
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
- За велешкото село со сличен назив видете Уланци
Remove ads
Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано како Уљарци, но и како Угларци во XIV век (1378 г.). Значењето веројатно доаѓа од старословенскиот истоимен збор кој означува „пчелар“, што се споменува и во грамотата на кралот Милутин од 1303 година, кога улјари биле чувари на манастирските улишта со пчели. Тие биле ослободени од сите должности кон кралот и црквата, со одредба за нивната материјална одговорност при евентуална штета. Меѓутоа, Уларци може да се изведе и од зборот „улар“ што означува отвор (меѓу кошницата за пчели и речната утока), што ова одговара на местоположбата на селото, бидејќи се наоѓа на местото каде што Злетовска Река се влева во Брегалница.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од десната страна на реката Брегалница. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 17 километри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од некогашниот регионален пат Кочани-Штип, како и од селото Чешиново. Во непосредна близина се наоѓа и клучката Крупиште на новиот експресен пат Штип-Кочани (А3).
Во близина на селото, а на самата атарска граница со соседното Жиганци, се наоѓа железничкото стојалиште „Злетовица“.
Remove ads
Историја
Во 1912 година е забележан еден жител од селото како член на македонско-одринското ополчение.
На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на околу 40-тина лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[4]
Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 5,3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 468 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[3]
Во селото имало лупилница за ориз и услужни објекти.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 465, а во 1994 година 378 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало 366 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 289 жители, од кои 282 Македонци, 2 Власи и 5 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци
- Дом на културата
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Уларци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Уларци, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Пишица. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0884 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 233 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Варвара“ — селска црква во изградба; и
- Црква „Руса Среда“ — манастирска црква.
- Манастири
- Уларски манастир — нов манастир
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Манастирската црква „Руса Среда“
- Споменик во селото
Редовни настани
- Слави
- Свети Константин и Елена — главна селска слава
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads