ПУ „Страшо Пинџур“ - Чешиново
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Чешиново; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во кочанското село Чешиново, во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Чешиново.
Историја
Училиштето било изградено во 1969 година.[2]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Чешиново, во него учат и учениците од околните села Уларци и Спанчево.
Услови
За реализирање на воспитно-образовната дејност училиштето користи 10 училници, од кои еден е кабинет по англиски јазик – во кој има интерактивна табла за потребите на наставниците при примената на ИКТ во наставата, еден кабинет по информатика, како и една фискултурна сала која за жал во моментов не е оспособена за користење и два спортски терени за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Во склоп на училиштето работи и училишната библиотека која има задоволителен број на лектирни изданија. Во ова училиште се наоѓаат и просториите за раководниот кадар на училиштето и тоа: канцеларија на директорот, канцеларии за педагогот и секретарот на училиштето, наставничка канцеларија, како и простории за техничкиот персонал.
Remove ads
Галерија
- Поглед на училиштето
- Фудбалското игралиште
- Кошаркарското игралиште
- Детското игралиште
- Влезот
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads