Пагаруша
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пагаруша — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје. Во минатото селото било чисто македонско (христијани и муслимани).
Remove ads
Географија и местоположба
Пагаруша се наоѓа во областа Торбешија, во северозападниот дел на територијата на Општина Студеничани.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 15 жители христијани (Македонци) и 380 жители муслимани (Македонци).[2]
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 3 христијански[3] и 33 муслимански[4] домаќинства. На овој попис биле забележани 7 мажи христијани, без новороденчиња и 100 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 238 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 282 жители.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пагаруша живееле 395 жители, од кои 15 Македонци[6] христијани и 380 Македонци[6] муслимани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пагаруша имало 24Македонци[6], под врховенството на Бугарската егзархија.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Горно Количани и има 540 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 227 жители, од кои 226 Турци и 1 Албанец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 9 Албанци, 147 Турци и 25 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Пагаруша е торбешко село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Староседелци: Панчевци (1 к.) исламот го примиле од како се доселиле другите муслимански родови. За нив може да се слушне и името Алиовци.
- Доселеници: Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Го знаат следното родословие: Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река. Последните се продолжуваат само преку домазети.[14]
Remove ads
Галерија
- Поглед на селото Пагаруша
- Глетка од селото
- Глетка од селото
Иселеништво
Оџовци се иселиле од селото до 1950 година. Биле доселени од Долна Река. До 1950 година се иселиле од селото. Се населиле во Скопје (5 семејства) и во Турција (3 семејства). До 1950 година и голем број семејства од споменатите родови се иселиле од селото во Скопје (21 семејство) и во Турција (8 семејства). Други иселеници имало во Горно Лисиче, Долно Количани и во Љубош.[14] Иселување од селото имало и после 1950 година.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads