Пазарлар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пазарларmap
Remove ads

Пазарлар (грчки: Αγορά, Агора)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Пазарлар Αγορά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 10 километри североисточно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 260 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 315 жители[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Агора [5].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 72 грчки семејства со 310 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 415 лица, додека во 1940 година селото броело 525 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 414 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 382 жители, во 1971 година имало 240 жители, во 1981 година имало 167 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[7]. Денеска, населението на селото е 101 жител според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads