Панделис Папајоану
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пантелес Папајоану, познат како капетан Никоцарас Грајкос, (грчки: Παντελής Παπαϊωάννου, Καπετάν Νικοτσάρας Γραίκος) ― македонски (гркомански) андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Remove ads
Животопис
Папајоану е роден во струмичкото село Колешино. Во почетокот дејствувал со Борис Сарафов, а според грчки извори, тој бил секретар на неговата чета. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија, тој преминал на страната на грчката кауза и предводел андартска чета, дејствува заедно со Гоно Јотов во реонот на Ениџевардарското Езеро [1][2].
Во пролета 1907 година, кон четата на Папајоану, се присоединила и четата на Иван Радналијата, за да бидат засилени грчките дејствија во Струмичко.
Оваа здружена чета ги обиколувала струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, со цел привлекување на нови андарти. На 26 август, биле предадени од страна на населението и дошле во судир со османлиските сили. Во судирот загинале капетанот Папајоану, Танас од Владиевци и Стоил од Вардаровци, останатите андарти на чело со Иван Радналијата успеваат да се спасат.[3]. Од страна на грчките власти во Кукуш е подигната негова бист.[4]
Remove ads
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads