Панде Ефтимов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Панде Ефтимов, родено име Панде Сотиров Ефтимов (Претор, 15 март 1932 — 13 август 2017, Софија) — македонски новинар, поет и општественик. Познат за откривањето на Битолскиот натпис.[1]
Биографија
Панде Ефтимов е роден во 1932 година во Ресенското село Претор, тогаш во Кралство Југославија.[2] Внук е на револуционерот од МРО, Панде Суџов. Основно школско образование добива во Претор, и за средношколско образование во гимназии во Ресен и после во Битола. За факултет отиде во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје кој беше поврзано со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[3][4] Од 1948 година е член на промакедонска нелегална организација, позната како ВМРО- ПРАВДА, заедно со Дане Поповски и Илија Христов од Царев двор, Григор Крстевски од Прилеп, Коста Смичков и други. Во 1949 година учествува во конгресот на ВМРО-ПРАВДА во Стари град. Покрај почетокот на 1950-тите почна да работи како учител во Стрежево, Лера, Дихово, Цапари и Долно Дупени.[3] Од 1960 година е новинар во Радио Скопје, а потоа - во весникот „Народна просвета“.[3]
Учествувал во други патриотски групи, со главна цел да се формира Независна Македонија, заради тоа тој е уапсен и затворен од страна на Југославската влада. Во 1955 и 1957 година без суд и казна влегува во затвор.[3] во 1972 година е осуден за криминалски дејности и биле казнат за три години во затвор.[5] Но кога Македонија добила независност тој бил ослободен. До 1992 г. не добива лични документи лична карта или пасош.[6] После 1986 година учествува во процесот на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.[7] Во 2001 година објавува две книги со поезија. Умира на 13 август 2017 г. во Софија после различни болести.[8][9] На 25 јуни 2018 г. посмртно е награден со орденот „Стара Планина“ втора степен.[10]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads