Папенбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папенбург (германски: Papenburg) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс и најмногу е познат по бродоградилиштето „Мајер Верфт“ насочено кон изработка на крузери.
За други истоимени места, погледајте Папенбург (појаснување).
Remove ads
Географија
Местоположба
Градот Папенбург е најсеверниот град во округот Емсланд, непосредно на граница со источнофризискиот округ Лер. Градот има должина од 11,5 километри и се протега 15,5 километри во ширина.[2] Се наоѓа 13 километри јужно од градот Венер и 38 километри северно од градот Харен. Од Папенбург до холандската граница на запад има околу 15 километри. На југ од градот поминува крајбрежниот канал, додека на запад поминува каналот Дортмунд-Емс, како и реката Емс, која му овозможува на градот да го има најјужното морско пристаниште во Германија.
Соседни општини
Градот Папенбург се граничи со осум општини и градови. На север се граничи со општините Вестоверлединген и Раудерфен, како и градот Венер, сите во округот Лер. На запад се граничи со општината Реде, на југ со општините Хеде, Лее и Нојлее во општинската заедница Дерпен. На исток се граничи со општината Зурволд во општинската заедница Нордхимлинг.
Градски единици
Градот Папенбург е поделен на седум градски единици. Со општинската реформа во 1973 година поранешниот град Ашендорф (1), како и општините Хербрум (2), Тунксдорф (3), Нендорф (4) и Бокел (5) биле припоени кон градот Папенбург, чие градско јадро било поделено на Унтененде (6) и Обененде (7).
|
Канали
Папенбург е најстара и најголема колонија на мочуришта во Германија, поради што поседува бројни канали. Мрежата на канали во градот изнесува околу 40 километри вкупна должина.
Клима
Климата во Папенбург има годишна просечна температура од 8,7 °C и просечни врнежи од 757 милиметри. Климата е под влијание на средноевропските западни ветришта.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 38 избрани членови.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
Градоначалник
Градоначалникот на градот Папенбург е Ванеса Гатунг (SPD), која на последните избори на 26 септември 2021 година освоила 62,57% од гласовите.
Збратимени градови
Remove ads
Галерија
- Градскиот парк
- Канали низ градот
- Ветерници
- Црквата „Св. Антонио“
- Железничката станица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads