Параналска опсерваторија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Параналска опсерваторија — астрономска опсерваторија на ридот Паранал, 120 км јужно од градот Антофагаста, Чиле. Сместена е на надморска височина од 2.635 м и ја опслужува Европската јужна опсерваторија. Најголемиот телескоп е наречен Многу голем телескоп (VLT) и е составен од четири посебни телескопи со пречник од 8,2 м. Покрај ова, со заедничко сосредочување на нивната светлина, четирите телескопи сочинуваат петти инструмент, наречен Интерферометар на Многу големиот телескоп (Very Large Telescope Interferometer, VLTI). Во состав на VLTI (1,8 м) влегуваат и четири помошни телескопи за да може да работи кога главните телескопи се зафатени.
Во комплексот се наоѓа и Извиден телескоп на VLT (VLT Survey Telescope) со пречник од 2,6 м, како и телескопот VISTA со пречник од 4,0 м и пошироки видни полиња за рамномерно извидување на големи небесни подрачја.
Remove ads
Телескопи
Многу голем телескоп
Многу големиот телескоп (Very Large Telescope, VLT) се состои од четири телескопи со пречник од 8,2 м што работат на видлива и инфрацрвена светлина. Овие, заедно со помалите помошни телескопи, се здружуваат и се создава оптички интерферометар извесни ноќи од годината. Сите телескопи со пречник од 8,2 м имаат адаптивна оптика и целосен прибор од инструменти.
Извиден телескоп VISTA
VISTA (Visible & Infrared Survey Telescope for Astronomy, „Телескоп за видливо и инфрацрвено астрономско извидување“) телескоп со пречник од 4,0 м и широко видно поле, чоја особена задача е да прави инфрарвени извидувања на небото. Изграден е блиску до VLT со здружени напори на 18 британски универзитети под водство на Лондонскиот универзитет „Кралица Марија“. Отворен е во декември 2009 г.
Извиден телескоп на VLT (VST)
Извидниот телескоп на VLT (VLT Survey Telescope, VST) е телескоп со пречник од 2,6 м и широкополски снимач предвиден како помагало на VLT.
Remove ads
Други објекти
Покрај телескопите, контролните објекти и помошните згради, Параналската опсерваторија има и живеалиштен дел наречен „ЕСО Хотел“ (ESO Hotel), каде е сместен научниот кадар и гостите. Оддалечен е на 3 км од телескопите и лежи на место 200 м пониско од нив. Половина од живеалиштниот дел е вграден во самата планина, а бетонските делови се обоени за да се вклопуваат во околните предели. Покрај станови, во него има вежбалница, базен, ресторан и две градини. Украсувач на градбата е чиленаскиоот архитект Паула Гутјерез Ерландсен, Маркиза од Пика.[1]
Remove ads
Галерија
- Главен приод кон опсерваторијаа
- Опсерваторијата и живеалиштата
- Воздушен поглед
- Опсерваториската платформа
- Инструменти
- Платформата на квечерина
- Поглед на средиштето на Млечниот Пат со ласерска водилка
- Забрзана ноќна снимка на опсеравторијата. Во средината најгоре се забележуваат Магелановите Облаци
Поврзано
![]() |
„Параналска опсерваторија“ на Ризницата ? |
- Европска јужна опсерваторија
- Ла Сиља
- Многу голем телескоп
- Европски исклучително голем телескоп
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads