Пекљани

село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia

Пекљаниmap
Remove ads

Пекљанисело во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Пекљани

Селото Пекљани се наоѓа на падините на Обозна Планина, оддалечено 12 километри југоисточно од градот Виница.

Историја

Селото го добило името по тоа што во минатото, античкиот период овде имало наогалиште на глина, исто така овде е изработувана.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пекљани живееле 500 жители, од кои 275 Македонци и 225 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пекљани имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 150 Турци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 432 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 302 жители, од кои 284 Македонци, 1 Србин, 3 останати и 14 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Пекљани е македонско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото: Коларци или Цветановци (13 к.), Ѓаремци (6 к.), Велковци (5 к.), Постоловци (4 к.), Туфегџии (4 к.), Стојичовци (4 к.), Крндовци (4 к.), Атанасовци (3 к.), Пљачковци (3 к.), Здравевци (2 к.), Ковачевци (2 к.), Атанасовци (2 к.), Мајковци (2 к.), Ќосевци (2 к., Мирчовци (1 к.) и Китановци (1 к.) за сите наведени родови се зборува дека се намножиле од некогашните три македонски куќи кои постоеле во селото; Рашниковци (2 к.) и Јовановци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Лаки; Трајановци (2 к.) доселени се од селото Лаки во 1939 година; Грљани (4 к.) доселени се во периодот помеѓу 1955 и 1957 година од селото Грљани; Анѓелковци (1 к.) и Сименовци (1 к.) доселени се во 1957 година од селото Лаки; Бобијовци (1 к.) доселени се од селото Драгобраште во 1958 година; Момчиловци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото Лаки; Бумбарци (1 к.) доселени се во 1959 година од селото Бигла, Делчевско.[11]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 326 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 337 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[14]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од 1924 до 1955 година 62 турски семејства се иселиле во Турција.[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads