Пелворм

општина и остров во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пелвормmap
Remove ads

Пелворм (германски: Pellworm; дански: Pelvorm; севернофризиски Pälweerm) — општина и остров во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Пелворм во рамките на округот Северна Фризија ...

Општината се наоѓа на истоимениот остров — еден од трите најголеми во архипелагот Севернофризиски Острови на брегот на Северното Море.

Во средновековниот период, Пелворм бил дел од поголемиот остров Штранд, кој потопен на делови при ужасната плимна бура во 1634 година. Други остатоци на Штранд се Нордштранд и хализите. Сите овие припаѓале на историската област Утланде.

До Пелворм се стигнува со ферибот кој тргнува од соседниот полуостров Нордштранд (кој пак е поврзан со копното преку патен насип).

Една од најголемите хибридна обновлива енергетска централа во Европа се наоѓа во Пелворм.[2] Претставува мешавина на фотоволтаична и ветерна енергија и обезбедува над 700 мегават часови електрична енергија годишно.

Заедно со неколку помали острови, Пелворм е дел од истоимената општинска заедница, чие седиште се наоѓа на островот.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads