Пелеј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пелеј
Remove ads

Во грчката митологија, Пелеј ( /ˈpliəs,_ˈpljs/; старогрчки: Πηλεύς Pēleus) бил херој и крал на Фтија. Воедни, сопруг на Тетида и татко на нивниот син Ахил. Овој мит помеѓу слушателите на Хомер почнал да се шири кон крајот на 8 век п.н.е.

Thumb
Детал од грчки мозаик со Пелеј и Клотон, Археолошки парк Пафос

Биографија

Еак, кралот на островот Егина, бил татко на Пелеј. Егина се наоѓа во Саронскиот залив, близу Атина, и во античко време била позната како важен трговски и културен центар. Мајка на Пелеј била Ендеис – ореада, нимфа поврзана со планината Пелион во Тесалија.

Пелеј, наследник на ова славно потекло, се венчал со морската нимфа Тетида, една од најубавите и најпочитувани божици на морето. Од нивната заедница се родил Ахилнајголемиот јунак на Тројанската војна, чија слава се пренесувала низ вековите преку епските песни на Хомер.

Освен славниот син Ахил, Пелеј имал и ќерка по име Полимела. Според некои преданија, таа била една од можните мајки на Патрокле – храбриот јунак и близок другар на Ахил, чиј татко бил Меноетиј.

Пелеј и неговиот брат Теламон биле блиски пријатели на Јасон, водачот на славната експедиција за Златното Руно. Поради тоа и двајцата биле сметани за Аргонаути – храбрите морепловци кои пловеле со бродот „Арго“ и оставиле длабока трага во грчката митологија.

Иако на островот Егина не се појавиле други кралеви по Еак и неговите наследници, во историскиот период кралевите на Епир тврделе дека нивното потекло водело токму од Пелеј.

Remove ads

Митологија

Пелеј и неговиот брат Теламон, во еден непромислем миг - можеби за време на лов - го убиле нивниот полубрат Фок. За да ја избегнат казната, побегнале од островот Егина. Пелеј пронашол засолниѓте во Фтија, каде што локалниот владетел Евритион го прочистил од направениот грев. Како благодарност за оваа доброта, Пелеј се оженил со ќерката на локалниот владетел, Антигона, со која имал ќерка, Полидора.

Евритион, иако ретко споменуван меѓу Аргонаутите, сепак бил дел од таа славна дружина. Пелеј и Теламон исто така се приклучиле на Аргонаутите, но не заедно – секој од различно место, бидејќи живееле далеку еден од друг и оддалечени од Егина.

Трагично, судбината повторно се вмешала: за време на ловот на калидонскиот вепар, Пелеј ненамерно го убил Евритион. Исплашен и свесен за тежината на делото, тој повторно морал да ја напушти Фтија и да побегне.

По несреќното убиство на Евритион, Пелеј повторно бил прочистен - овој пат од страна на кралот Акас. Токму тогаш се случило нешто неочекувано. Сопругата на Акаст, Астидамија, се заљубила во Пелеј. Кога тој ја одбил, таа од одмазда испратила гласник кај Антигона, првата сопруга на Пелеј. Гласникот ја измамил Антигона со лажна вест дека Пелеј ќе се ожени со ќерката на Акаст.

Скршена од љубомора и очај, Антигона поверувала во измамата и си го одзела животот.

Астидамија, сопругата на кралот Акаст, го обвинила Пелеј дека тој се обидел да ја силува. Верувајќи на зборовите на својата сопруга, Акаст го однел Пелеј на лов на врвот на планината Пелион. Таму, додека Пелеј спиел, Акаст му го скрил мечот во кравји измет и го оставил беспомошен на падината, надевајќи се дека ќе биде уништен.

Кога Пелеј се разбудил, група кентаури се подготвувале да го нападнат. Но, мудриот кентаур Хирон – а според друга верзија богот Хермес – му го вратил неговиот меч и му овозможил да се спаси.

Исполнет со гнев и решителност, Пелеј се вратил во Јолк, го ограбил градот и ја казнил Астидамија на суров начин, распарчувајќи ја и поведувајќи ја својата војска меѓу нејзините искинати делови. По оваа крвава одмазда, и Акаст и Астидамија загинале, а кралството преминало во рацете на Тесал – синот на Јасон.

Бракот со Тетида

Thumb
Пелеј бега со својата наградена невеста Тетида, која залудно презела животински форми за да му избега: бојотски црнофигурен сад, ок.500 BC –475 п.н.е.

По трагичната смрт на Антигона, Пелеј ја зел за сопруга морската нимфа Тетида. За да ја придобие, морал да ја совлада нејзината божествена моќ на метаморфози. Практикувајќи го советот на ПротејПелеј ја држел цврсто за време на нејзините физички трансформации од кои се обидувала да побегне. На нивната свадбена гозба присуствувале многу од олимписките богови, кои донеле дарови со длабока симболика:

  • Посејдон подарил два бесмртни коња, Балиј и Ксант, симбол на брзина и сила.
  • Хефест дарувал нож, знак на моќ и заштита.
  • Афродита донела сад украсен со релјеф на Ерос, како симбол на љубовта.
  • Хера подарила хламида (наметка), знак на достоинство и брачна заштита.
  • Атена дала флејта, симбол на мудрост и хармонија.
  • Зевс, врховниот бог, ѝ подарил на Тетида крилјата на Арка – симбол на брзина и божествена моќ.

За време на свадбената гозба на Пелеј и Тетида, божицата Ерида, навредена поради тоа што не била поканета, го дрлила јаболкото на раздорот, кое ја започнало кавгата која довела до пресудата на Парис и на ставање крај на Тројанската војна.

Од брачната заедница на Пелеј и Тетида се родиле седум сина, но шест од нив починале во детството. Единствениот преживеан бил Ахил.

Спасување на Ахил

Тетида, морксата божица, најмногу сакала својот син Ахил да го направи неранлив и бесмртен. Според најпознатата верзија на митот, таа го потопила во реката Стикс држејќи го за петица. Петицата за која го држела била едиствена точка која не ја допрела водата, останала ранлива и подоцна станува симбол на неговата судбина. Во една постара и поретка верзија,Тетида го помазала Ахил со амброзија, храната на боговите, и го ставила во оган за да ги изгори смртните делови од неговото тело. Но, Пелеј, исплашен од необичниот ритуал, ја прекинал. Навредена и разгневена, Тетида го напуштила и сопругот и синот, оставајќи ја петица на Ахил како единствена слабост.

Во дело „За Изида и Озирис“ од Плутарх се среќава многу слична приказна за Ахил. Таму се раскажува како божицата Изида се обидувала да го направи бесмртен принцот Манерос од Библос, син на кралицата Астарта. Го изложила на оган за да ги изгорела неговите смртни делови, но пред самиот завршеток на процесот, била прекината - исто како што Пелеј ја прекинал Тетида.

Подоцна, во повозрасните години на Ахил, митот добива трагичен крај: тој бил убиен од Парис, кој го застрелал токму во неговото единствено ранливо место – петицата. Од оваа легенда произлегол познатиот израз „Ахилова пета“, кој и денес се користи како симбол за единствената слабост на инаку силен човек.

Пелеј, својот син му го доверил на Ахил и на кентаурот Хирон, кој живеел на планината Пелион. Според преданијата, оваа планина го добила своето име по Пелеј. Под водство на Хирон, Ахил бил воспитуван во уметноста на борбата, музиката, лековите и доблеста – знаења што подоцна го направиле најголемиот херој на Тројанската војна.

Во „Илијада“, Ахил се појавува со наследството на својот татко: тој управува со бесмртните коњи на Пелеј, дар од боговите, и носи копјето на Пелеј, симбол на неговото херојско потекло. Така, иако Пелеј останува во сенка, неговото присуство и наследство постојано го придружуваат Ахил на бојното поле.

Remove ads

Во култот на херои

Гробницата на Еак се наоѓала во највидливиот дел од пристанишниот град на Енгина. Таа била опкружена со четириаголна ограда која била изработена од бел мермер, украсена со барелефи, во форма како што ја опишал Павсанија. Во близина се издигал и тумулот на Фок. Но, за разлика од Еак, Пелеј немал свое светилиште (теменос) во Егина.

Античките извори нудат две различни верзии за неговата судбина. Според трагедијата „Троади“ од Еврипид, Акаст – син на Пелиј – го протерал Пелеј од Фтија, и тој на крајот умрел во прогонство, далеку од својата татковина. Во друга, поромантична верзија, Пелеј повторно се обединил со својата сопруга Тетида и благодарение на нејзината божествена природа, станал бесмртен.

Во античко време, според еден фрагмент од изгубеното дело насловено како „Аитија“ на Калимах, постоела гробница на Пелеј на островот Икос (денешен Алонис), кој се наоѓа во северните Споради. Таму, бил почитуван како „крал на Мирмидонците “, а секоја година славеле празник познат како „враќањето на херојот“. Според една песна која е дел од Грчката антологија, таму се наоѓал и гробот на Пелеј.

Другата забелешка за Пелеј, произлегува од христијанинот писателКлимент Александриски, во неговото дело „Повик до Грците“ . Тој го опишува сопствениот извор на „збирка чуда“ од автор по име Монимос, за кого не постојат други информации.

Воедно, тој тврди дека во градот Пела, во Тесалија, на Пелеј и мудриот кентаур Хирон им се принесувала човечка жртва – Ахаец. Со оваа приказна тој сакал да ја истакне својата теза дека обожавателите на дајмони стануваат сурови како и самите богови што ги почитуваат.

Во атинската трагедија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads