Петгаски манастир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петгаски манастир „Св. Никодим Светогорец“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Νικόδημου Αγιορείτου) — машки манастир кај селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Претставува метох на светогорскиот манастир Симонопетра на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Манастирот се наоѓа на надморска висина од 700 м во југоисточното подножје на планината Пајак, на неколку километри северозападно од Петгас. На североисток од него е манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“. Основан е во 1981 г. како меѕох Симонопетра. Главниот храм е двоен, каде горниот кат е посветен на Свети Никодим Светогорец, а долниот на мачениците Рафаил, Никола и Ирина. Во него од Света Гора е донесен черепот на преподобниот Никодим Светогорец, покровител на манастирот и истакнат црковен писател од XVIII – XIX век. Храмот се истакнуав со своите фрески, а манастирот е познат по рачната изработка на икони.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
