Петгас
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петгас или Петг’с (грчки: Πεντάλοφος, Пендалофос; до 1926 г. Πέτγα, Петга[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 155 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се големо мнозинство во него.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 6 км југозападно од Гуменџе, на југоисточнтие падини планината Пајак. Кај селото е сместен Петгаскиот манастир „Св. Никодим Светогорец“, метох на светогорскиот манастир Симонопетра.
Историја
Во Отоманското Царство
На 1,9 км југоисточно от селото и на 2,3 км северозападно од Геракарци, од десната страна на колскиот пат Петгас – Геракарци се наоѓа месноста Тумба. На овој рид е откриена античка населба, прогласена за заштитен споменик во 1996 г.[4]
Во XIX век Петгас било чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Петар и Павле“ е од средината на XIX век.[5]
На австроунгарската воена карта селото е обележано како Петгиз (Petjes, Petgiz),[6] а на картата на Кондојанис како Петгас (Πέτγας), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Петгис (Πέτγκις) било село со 38 христијански семејства.[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Петгъс живеят 330 Македонци христијани.[8][9] Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретеар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Петгаз (Petgaz) имало 376 Македонци, сите под Егзархијата.[8][11]
Сепак, во селото продолжила битката помеѓу грчката и бугарската пропаганда. По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото (Пет гъз) испратиле телеграма до Отоманскиот парламент, жалејќи се дека црквата и училиштето се затворени веќе четири години од причини кои не им биле познати.[12]
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Петг’з (Петгъз) имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволувале отворање на бугарското училиште поради статуквото.[13]
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Петгас било чифлигарско село со 65 семејства сочинети од 323 жители Македонци и една црква.[8][14]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека селото Петгас (Πέτγας) има 300 егзархисти и 50 патријаршисти.[7][15]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Петгаз имал 120 куќи на Македонци христијани.[16]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Петгас бил пропоен кон Грција согласно Букурешкиот договор.
Во 1912 г. селото е заведено како населба со христијанска религија македонски јазик. На пописот од 1913 г. Петгас (Πέτγας) имал 331 жител (182 мажи и 149 жени).[7] Во 1920 г. се попишани 302 жители.[3]
Во 1924-1925 г. 114 жители (20 семејства) биле принудени да се иселат во Бугарија.[3] и нивните имоти се ликвидирани.[7] На нивно место властите доселиле Грци од странство. Во 1928 г. селото броело 266 жители, од кои 104 лица (27 семејства) биле грчки дојденци.[17] Во 1926 г. селото е преименувано во Пендалофос.
На пописот од 1940 г. е забележано дека селото имал 319 жители, од кои само 40 биле грчки дојденци. Ова се должи на фактот што во меѓувреме голем дел од дојденците се преселиле во полските села.[3] Селото настрадало во Втората светска војна, а особено во Граѓанската војна кога монархистичките власти принудно ги иселиле неговите жители во полските ениџевардарски села. Селото не било обновено веднаш, и затоа на пописот од 1951 г. се води како напуштено, но веќе во 1961 г. во Петгас се попишани 272 лица.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Верски објекти
- Црква „Св. Петар и Павле“ од околу 1850 г.
- Петгаски манастир („Св. Никодим Светогорец“) од 1981 г.
Личности
- Георги Пенев Трпчев (1922 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војна[20]
- Дионис Даулов (1873 – 1951) — револуционер, четник на ВМОРО
- Иван Георгиев Политика — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана[21]
- Минко Калцев — револуционер, четник на ВМОРО[22]
- Мине Гонов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[23]
- Христо Георгиев (1878 – ?) — револуционер, војвода на ВМОРО
- Христо Пројчаков — револуционер, четник на ВМОРО.[24]
- Христо П. Тенков (1882 – ?) — борец во МОО од четата на Ичко Димитров и четата на Иван Палљошев[25]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads