Петре Димовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петре Димовски (Брод (село), Битолско, 1946 ) — раскажувач, романсиер и монодрамски автор.[1]
Животопис
Роден е 1946 година во село Брод, Битолско. Основно училиште заврши во село Бач, а средното образование го завршил во Битола. По завршувањето на средното училиште заминал како печалбар во Австралија, каде останал до 1969 година. По враќањето се запишал на Филолошкиот факултет во Скопје, каде дипломирал во 1975 година. Потоа работел како новинар во весникот „Нова Македонија“ во Скопје и како уредник и лектор во весникот „Осигуреник“. До пензионирањето работел како професор по македонски јазик во Битола. Го покренал и уредувал списанието за литература Раст.[1]
Учествувал во работата на Редакцијата на списанието „Развиток“ како уредник за проза, а го покренал и бил главен и одговорен уредник на списанието „Раст“. Член е на Македонското научно друштво од Битола и на Друштвото на писателите на Македонија, каде зел активно учество во работата на органите и телата, во два мандати и како член на неговото Претседателство. Бил претседател на Битолскиот книжевен круг. Книжевната дејност ја започнал со песни кои ги објавувал во детските и младинските списанија, а од 1971 година кога е објавена неговата прва прозна творба „Расказ за слепиот коњ“, на конкурсот во весникот „Нова Македонија“, работи на прозата, определувајќи се жанровски за кусиот расказ, за романот, монодрамата и патеписот.[1]
Неговите дела се објавени во списанијата „Развиток“, „Разгледи“, „Стремеж“, „Современост“, „Сум“, „Стожер“, „Синтези“, а е застапуван во избори и антологии на краткиот расказ.
Составувач е на Антологијата на расказот за деца во македонската литература, од проектот „Македонска книжевност“ на Владата на Република Македонија.[1]
Remove ads
Творештво
Негови објавени дела се:[1]
- „Преломи“ (раскази, 1973),
- „Жед и жештини“ (раскази, 1996),
- „Пламенка“ (роман, 1996),
- „Резервна тајна“ (роман, 1997),
- „Крилја“ (роман, 1998),
- „Сонце во ќелијата“ (роман, 2000),
- „Ни свој“ (монодрами, 2002),
- „Црната мачка“ (раскази, 2002),
- „Балканскиот ѓавол“ (роман, 2004),
- „Големата авантура“ (роман за деца и млади, 2007),
- „Потрага по корените“ (роман, 2008)
- „Изгубен пат“ (роман, 2009)
- „Пожар “ (роман, 2010)
- „Бродови“ (роман, 2011)
- „Две устенки чај“ (раскзаи, 2014)
- „Зора во сликата“ (раскази, 2015)
- „МагдеЛенче “ (роман за деца, 2015)
- „Средба во осамената куќа“ (роман, 2016)
- „Пријателството на Осаменко “ (роман за деца, 2016)
- „Хронологија на опстојот“ (роман, 2016)
- „Влегување на принцезата во храмот“ (драма, 2017)
- „Сенка на сенката“ (раскази, 2019)
- „Јоше “ (роман, 2021)
- „Искра“ (роман, 2024)
Remove ads
Награди
Добитник е на наградите:
- награда „4 Ноември“ за збирката раскази „Жед и жештини“,
- награда на БИД „Мисирков“ за романот „Пламенка“,
- награда на Фестивалот на монодрамата за монодрамите од збирката „Ни свој“,
- награда „Тренд“ на Издавачката куќа „Феникс“ за романот „Балканскиот ѓавол“,
- награда „Ванчо Николески“ од Друштвото на писателите на Македонија за романот „Големата авантура“
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads