Пеце Секулоски
Македонски бранител From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пеце Секулоски (Бело Поле, Прилеп, 24 септември 1970 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001 ) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]
Remove ads
Животопис
Живот и војната 2001
Пеце Секулоски е роден на 24 септември 1970 во прилепското село Бело Поле. Потекнува од сиромашно семејство. Оние кои го познале Пеце го опишуваат како чесен и мирен човек. Од неговото село, само тој ја добил поканата од АРМ. Ден пред да загине, му се јавил на брат му, се јавил од касарната, и му рекол да врати пари на неколку другари на кои им бил должен. Пеце пред неговата смрт со години градеше куќа во родното село, надевајќи се после тоа да најде жена и да создаде фамилија.[2]
На 8 август 2001 година загинвува во заседата кај Карпалак. Пеце Секулоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads