Бело Поле

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Бело Полеmap
Remove ads

Бело Поле — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Панорама на селото

Бело Поле се наоѓа во Прилепското Поле, северозападно од градот Прилеп. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 605 м.[2]

Историја

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 5 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бело Поле е село со 21 домаќинство и 94 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бело Поле имало 150 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Бело Поле е село со 120 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бело Поле се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Бело Поле живеат 197 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 166 Македонци, 7 Албанци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Thumb
Патот низ селото

Бело Поле е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.

Родови во Бело Поле се:

Доселеници: Аџијовци (5 куќи) доселени се од Лознани во XIX век; Мочаревци (7 куќи) доселени се во турско време од Лажани; Јакофовци (4 куќи) доселени се од селото Сарандиново, таму припаѓале на родот Дашковци кој порано живеел во селото Бурилово, сега раселено; Чораповци (4 куќи) од Горно Коњари се населиле во Новоселани, а од таму овде; Маневци (1 куќа) доселени се од Врбјани, и таму се однекаде доселени; Бардаковци (3 куќи) доселени се од Средорек, таму припаѓале на родот Шамаковци доселен од Житоше; Кулевци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, во Големо Коњари род им се Пацановци; Думбаловци (2 куќи) доселени се 1913 година од Прилеп; Мартиновци (2 куќи) и Трајковци (2 куќи) доселени се 1926 година од Врбјани, Дебрца; Стојановци (1 куќа) доселени се 1926 година од Лактиње, Дебрца; Кутурџиовци (2 куќи) доселени се од селото Турско во 1927 година, таму имаат роднини доселени од Мало Илино, Железник; Слабаковци (5 куќи) доселени се 1927 година од Дабјани, таму се доселени од Заполжани; Србиновци (1 куќа) доселени се од селото Селци, Малесија; Ковиловци (2 куќи), Ристевци (1 куќа), Димовци (1 куќа) и Рувчевци (1 куќа) доселени се од селото Дабјани. Ковиловци и Рувчевци подалечно потекло имаат од селото Могилец, Порече. А родот Ристевци таму се доселени од селото Црешнево, Порече, за Димовци не се знае од каде се доселени таму. Во североисточниот дел од Бело Поле има ново маало. Таму живеат 36 семејства од Егејска Македонија, Порече и раселеното село Дабјани.[16]

Remove ads

Општествени установи

Во селото работи подрачното основно училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до петто одделение.[17]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1465 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[19]

Културни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[16][20]
Манстири
Цркви[21]
Remove ads

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови од ова село. Ацевци иселени се во Годивле. Клаповци и Црневци иселени се во Големо Коњари. Цуцуловци иселени се во Локвени.[16]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads