Пештерица (село)
историско село во Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пештерица — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Ореовец.
Remove ads
Географија
Селото било сместено на Ореовечка Река (Пештерица) на неколку километри североисточно од Прилеп, денес под водите на вештачкото Прилепско Езеро.
Историја
Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба.[2] На брегот на денешната брана е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.[3]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името П-ш-т-р-и-ч-а и имало 12 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[4]
Селото е споменато и во Трескавечкиот поменик од XVII - XVIII век. Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското.[5]
Во XIX век Пештерица е мало македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештерица (Peschtéritza) било село со 18 домаќинства и 88 жители Македонци.[6]
Според статистиката на Васил Кънчов ("Македонија. Етнографија и статистика") од 1900 година Пештерица има 90 жители, сите Македонци христијани.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештерица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 13 куќи.[8]
Во почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во Пещерица (Pechteritza) имало 80 Македонци.[9][10]
Селото е потопено во изградбата на Прилепското Езеро.
Remove ads
Личности
- Коле Пештелевец — деец на Македонската револуционерна организација во Прилепско
- Најден Пештелевец — војвода на ВМОРО во Прилепско
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads