Пиперово

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Пиперовоmap
Remove ads

Пиперово — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на Општина Штип, во долината на реката Крива Лакавица, од нејзината лева страна, чиј атар се допира со подрачјето на општините Конче и Неготино.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 28 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1103 (Штип-Неготино). Истиот бил обновен во 2014 година.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Пиперово било населено уште од доцноантичко време, за што сведочат остатоците од градиште на наоѓалиштето Градиште-Чука, сместено во западниот крај на селото.[4]

За време на српската окупација од 1912 до 1941 година, селото силно настрадало.[5] Во февруари 1915 година, србоманскиот четнички војвода Јован Бабунски заедно со неговите четници, а со помош од жандармите и месната жандармериска станица и жандармите од селото Скоруша, по третпат го нападнале Пиперово и ги подложиле селаните на грабежи и насилства. Српските четници и жандарми ги изврзале и одвлекле во правец на селото Брест следните лица: Христо Јовев, Петруш Илиев, Богатин Георгиев, Стојан Андов, Коце Јовев, Петре Иванов, Сулеман Ахмедов и Рушид Ибрахимов.[5]

Во селото Брест истите разбојници нападнале неколку семејства, ги ограбиле и ги тепале, а на крајот ги одвлекле од своите домови: Данаил Постолов и Стојан Кавраков и ги изврзале во ист синџир со заложниците од с. Пиперово, па кренале во правец на селото Гарван. Меѓувремено, најверојатно бројот на заложниците од селото Брест не им бил доволен и повторно се пуштиле во претрес на куќите. Кога не пронашле скриени дезертери, четничките разбојници почнале да ги измачуваат жените Катерина Миткова, Гуна Камчева и Зоја Манева. И трите биле мачени, теглени за рацете, нозете и вратот и истовремено ги тепале со стап во половините, поради што и умреле по извесно време во големи маки. Најмногу била тепана Катерина Миткова затоа што од нејзиното семејство: мажот и исто, деверот Костадин и внукот Славчо Митков побегнале во Струмица. Четниците и жандармите на Катерина и ја прекинале половината.[5]

По ова злосторство, српските злосторници го продолжиле патот за селото Гарван. За да не губат во време, заложниците од Пиперево и од Брест ги затвориле во манастирот „Свети Ѓорѓи”. Во манастирот заложниците биле изложени на секакви насилства. Заедно со нив била измачувана и служителката во манастирот Стојанка Велјанова, родум од Гарван. Заложниците биле тепани, удирани во ѕидовите, им сечеле делови од телото и ги давеле со сопственото месо и слично. Во вечерните часови меѓу 15 и 16 февруари 1915 година, недотепани, живи биле зариени во дупка под една стена до изгорениот манастир. Заедно со нив биле испотепани и Иван Илиев, Христо Андонов и Коце Јанев од Гарван. Покрај овие, на 15 и 16 февруари биле тепани до смрт 17 мажи и жени од село Гарван.[5]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 23 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 1.170 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 599 хектари, а на пасиштата 424 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пиперово живееле 496 жители, од кои 276 Македонци и 220 Турци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пиперово имало 368 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Од Пиперово се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во мало село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 401 жител, а во 1994 година само 28 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 20 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Пиперово било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Штип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Пиперово, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната Општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2304 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви[17]
Манастири
Remove ads

Редовни настани

Слави

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads