Пињари
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пињари (грчки: Ελάφι, Елафи; до 1927 г. Πινιάρ, Пињар[1]) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Дескати на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција
Remove ads
Географија и местоположба
Селото било сместено околу 25 југоисточно од градот Гребен, на околу 6 км северозападно од селото Дименица, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 630 м.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Пињари било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Пињари живееле 85 Грци.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото не се спомнува како населба во пописите во 1913 и 1928 година, што значи дека било напуштено.[2]
Селото било обновено по Првата светска војна, во 1923 година, кога тука биле сместени 41 бегалско семејство со вкупно 118 жители од Понд.[2]
Во 1927 година, името на селото било променето во Елафи (Ελάφι).
Во 1940 г. селото броело 220 жители. Селото се распаднало за време на Граѓанската војна. Највеќето жители се иселиле во поголемите градови и селото повеќе не било обновено.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads