Плашт (геологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Плашт или мантија — слојот во едно планетарно тело сместен над јадрото и под кората. Сочинет е од карпи или мразови, и најчесто претставува најголемиот и најмасивен слој на телото. Плаштовите се својствени за планетарните тела кои претрпеле раслојување по густина. Плаштови имаат сите земјовидни планети (вклучувајќи ја Земјата), разни астероиди и некои планетарни месечини.
Земјин плашт

Земјиниот плашт е слојот од силикатна карпа помеѓу кората и надворешното јадро. Има маса од 4,01 × 1024 кг, што сочинува 67 % од масата на Земјата.[1] Дебел е 2.900 км[1] и зазема 84 % од зафатнината на Земјата. Претежно е цврст, но во геолошки временски рамки има поведение на вискозна течност. Делумното топење на плаштот во средноокеанските гребени создава океанска кора, а делумното топење на плаштот во зоните на подвлекување дава континентална кора.[2]
Remove ads
Други планетарни плаштови
Меркур има силикатен плашт дебел 490 км, што сочинува само 28 % од неговата маса.[1] Венериниот силикатен плашт е дебел околу 2.800 км со удел од 70 % од масата.[1] Марсовиот силикатен плашт е дебел 1.600 км, што е ~74–88 % од неговата маса[1] и може да е претставен од хасигнитските метеорити.[3]
Месечини со плаштови
Јупитеровите месечини Ија, Европа и Ганимед имаат силикатни плаштови; плаштот на Ија (дебел ~1.100 км) е покриен со вулканска кора, Ганимедовиот (дебел ~1.315 км) е покриен со мраз дебел ~835 км, а Европиниот (дебел ~1.165 км) има ~85 км мраз, а можеби и течна вода.[1]
Силикатниот плашт на Земјината месечина е дебел околу 1.300–1.400 км и претстаува извод на месечеви базалти.[4] Месечевиот плашт е соголен во Јужнополово-Ејткеновата Котлина или котлината на Морето на Кризите.[4] Овој плашт има сеизмички прекин на длабочина од ~500 км, најверојатно предизвикан од промената на составот.[4]
Титан и Тритон имаат плаштови сочинети од мраз или други цврсти испарливи супстанции.[5][6]
Астероиди со плаштови
Некои од најголемите астероиди имаат плаштови;[7] на пример, Веста има силикатен плашт со сличен состав на диогенитските метеорити.[8]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads