Подареш
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Подареш — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била припоена со Општина Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.527 жители,[2] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 16 километри.[4]
Селото се наоѓа во подножјето на Малешевските Планини, а низ него поминува регионалниот пат 29471.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 34,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 2.241 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 748 хектари, а на пасиштата 362 хектари.[4]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[4]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подареш живееле 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подареш имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Подареш живееле 532 жители, од кои 196 Турци и 336 Македонци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 200 Турци.[9]
Подареш е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 1.263 жители, од кои 1.179 биле Македонци, а 67 Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 1.413 жители, од кои 1.401 Македонец, а 11 жители Турци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Подареш живееле 1.527 жители, од кои 1.515 Македонци, 11 Турци и 1 Србин.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.260 жители, од кои 1.157 Македонци, 1 Албанец, 12 Турци, 1 Србин, 9 останати и 80 лица без податоци.[10]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Подареш:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Подареш во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[11]
- Македонски родови:
- Староседелци: Петковци со Тасовци и Доневци (18 к.), Кусовци со Васовци (5 к.), Циневци со Димовци и Крстовци (16 к.), Купицовци и Тодоровци (15 к.), Китановци (7 к.), Доневци и Митевци (12 к.), Поцевци (20 к.) и Божиновци и Тодоровци (7 к.).
- Доселеници: Јовановци и Спаиловци (4 к.), доселени се многу одамна од селото Немањици во Овче Поле; Кратиловци и Пантовци (4 к.), доселени се на почетокот од XIX век од селото Смиланци; Стојковци (2 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Сушево кај Штип; Аранѓеловци (1 к.), доселени се од селото Дедино.
- Турски родови:
- Доселеници: Рустемовци (5 к.), Алиовци и Арифовци (10 к.), Исмаиловци и Асановци (12 к.), Зумбуловци и Аметовци (5 к.) и Мемедовци и Алиовци (5 к.).
Remove ads
Општествени установи
- Основно училиште „Коста Рацин“, централно деветгодишно основно училиште
- Пошта (2423)
- Месна заедница
- Амбуланта
- Дом на културата (поранешна општинска зграда)
- Поштата
- Поранешната општинска зграда
- Амбулантата
- Основното училиште
Самоуправа и политика

Во XIX век, Подареш било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село седиште на Општина Подареш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Подареш, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1618 и 1619 според Државната изборна комисија, сместени во месната заедница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.225 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.285 гласачи.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[5]
- Градини — населба од римското време;
- Градиште — средновековна утврдена населба;
- Гробишта — средновековен сакрален објект и некропола;
- Калата — средновековно кале;
- Клешан — населба-викус од римското време;
- Тулуко — населба од доцноантичкото време; и
- Црквиште — средновековна некропола.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Димитриј“ — селска црква;
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.
- Манастири
- Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ — нов манастир над селото; и
- Подарешки манастир „Св. Петка“ — нов манастир над селото.
- Споменици
- Споменик и спомен-плочи во чест на НОБ
- Реки[16]
- Манастирската црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Димитриј“
- Споменици со спомен-плочи во селото
- Плаваја низ селото
- Манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Remove ads
Личности
- Родени во или по потекло од Подареш
- Васил Спасов — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[18]
- Васил Стојанов Христов (1892-?) — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[19]
- Иван Месаров (1858-1913) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
- Мане Наков (1892-?) — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[20]
- Ставруш Месаров — македонски револуционер, војвода на ВМРО;
- Стојан Стојков (р. 1941) — македонски композитор и професор; и
- Јордан Митев (р. 1986) — македонски пејач.
Remove ads
Култура и спорт
Во селото работи фудбалскиот клуб „Готен“, како и фолклорниот ансамбл „Подарешани“.[21]
Галерија
- Фудбалски терен
- Спомен-плоча за протераните од Егејска Македонија
- Улица во селото
- Спомен-плоча за борби во НОБ
- Селскиот парк
- Загинатите соселани во НОБ
- Поглед во селото
- Нови куќи во селото
- Нова куќа во селото
- Поглед на селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads