Покровник (Петричко)
село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Покровник (бугарски: Дрангово од 1932, во периодот од 1951-1962 - бугарски: Свобода[1]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на магистралниот пат Петрич - Гоце Делчев, 7 км од Петрич и 12 км од Кулата. Сместено е на северните падини на Беласица. Климата се одликува со топли и суви лета, благи и дождливи зими. Често има режим на вода во текот на летните месеци. Во селото нема невработеност. Атарот на селото зафаќа простор од 8.622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 192 метри.
Историја
Селото било создадено по крајот на Балканските војни во 1913 година од бегалците од Егејска Македонија, кои Грците ги протерале од нивните родни места. Овде биле сместени бегалци од селата Спатово, Дервент и Ерниќој. Прват местоположба на селото е спротивна на нејзината сегашна.
Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
Remove ads
Население[2][3]
![]() |
Културни знаменитости
- Војнички споменик Дрангова чешма, изградена во 1916 година
- Биста на полковникот Борис Дрангов.
- Бугарски храм „Св. Петка“
- Капела „Свети Илија“
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads