Спатово (Серско)
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спатово (грчки: Κοίμηση, Кимиси; до 1927 г. Σπάτοβον, Спатовон) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Ерниќој.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX г. Спатово било чисто македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спатово (Spatovo) било село со 185 домаќинства сочинети од 630 Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 1.350 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Спатово, село и чифлик на ЈЗ од Демир Хисар, сред патот за Џумаја. Блатеста и многу плодна почва; тераат свињи. Грчка црква, навремени, и училиште.[6] | “ |
По Илинденското востание во 1904 г. поголем дел од селото прешол под врхвеноството на Бугарската егархија.[7] Во селото сепак продолжиле да работат двете пропаганди — и грчката и бугарската. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Спатово се остоело од 2.000 жители, од кои 1.280 Македонци егзархисти и 720 Македонци патријашристи.[3] Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 100 ученици и грчко училиште со 2 учители и 5 ученици.[8] Но според Христо Силјанов, по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешоло под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 1.167 жители.[2] Голем дел од населението било приморано да се исели во Пиринска македонија — претежно во Петрич, Свети Врач и околината. Така, на пописот од 1920 г. Спатово спаднало на 709 жители.[2] Иселувањата продолжиле и во 1920-тите, а власта во селото довела грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Спатово се води како етнички мешано село со вкупно 1.145 жители,[2] од кои 483 лица (120 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот Македонци.[9]
Во 1927 г. селото е преименувано во Кимисис, во превод успение.[10]
Доселувањето на грчки семејства продолжило и понатаму, поради што во 1940 г. селото пораснало на 1.711 жители.[2] Растот продолжил и понатаму, овојпат поради доселување на жители од планинските села, привлечени од плодната земја. Во поновиот период бројот на жители сепак бележи пад поради иселување во градовите.[2]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Давко Спатовали — револуционер, четник на Коста Мухчината, брат на Илија Спатовали[14]
- Димитар Мазнејков (1926 – 2011) — стопански деец во Бугарија, агроном
- Дине Спатовали, — револуционер, фатен во 1897 г. и во 1904 г. сè уште бил во Серскиот затвор[14]
- Илија Спатовали — револуционер, брат на Давко Спатовали, четник на Коста Мухчината[14]
- Лазар Гајдаров — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
- Тома Џанкушев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
- Христо Лазаров — револуционер , деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[15]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads