Пол Елијар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пол Елијар
Remove ads

Пол Елијар (француски: Paul Éluard) (14 декември 1895 - 18 ноември 1952) - француски поет.

Thumb
Пол Елијар (француски: Paul Éluard) (14 декември 1895 - 18 ноември 1952), 1920

Животопис

Thumb
Пол Елијар.

Пол Елијар е роден во 1895 година. Против својата волја, тој бил учесник во Првата светска војна, кога со свои очи го видел ужасното крвопролевање во кое западнало човештвото. На дваесетидеветгодишна возраст, во 1924 година, уморен од западната цивилизација, Елијар западнал во депресија и неочекувано заминал на патување по Цејлон, Тахити, Нов Зеланд и Панама. Подоцна, тој со восхит ја пречекал Шпанската граѓанска војна, по што им се приклучил на комунистите, а за време на Втората светска војна бил член на француското движење на отпорот против нацистите. Во тоа време, следен од полицијата, тој разнесувал летоци низ Франција, а во текот на два месеци се засолнил во една болница за душевно болни. По Втората светска војна, Елијар повторно патувал и протестирал, а во 1949 година застанал на страната на комунистите во Граѓанската војна во Грција. Елијар умрел на 18 ноември 1952 година.[1]

Thumb
Табла во куќата каде работел Елијар во Дордоњ.
Thumb
Гробот на Елијар.
Remove ads

Творештво

Thumb
Биста на Елијар.

Својата прва збирка поезија, Елијар ја објавил во 1917 година, кога имал 22 години. Елијар е еден од основачите на надреализмот. Во 1926 година, по враќањето од своето патување по егзотичните земји, Елијар ја објавил „Престолнина на болката“ - ремек-дело на надреализмот, по што следувала и „Опачините на еден живот или човечка пирамида“. Подоцна, тој ги објавил делата: „Непрекината поезија“, „Политички стихови“, „Една морална лекција“ и „Феникс“ (1951).[1]

Thumb
Потписот на Елијар
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads