Попрад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Попрад (унгарски: Poprád, германски: Deutschendorf) — град во северна Словачка, на подножјето на планините Татри, познат по својот живописен историски центар и како одморалиште. Тоа е најголем град во регионот Спиш и десетти најголем град во Словачка, со население од околу 55,000 жители.
Аеродромот Попрад-Татру е меѓународен аеродром сместен веднаш до градот. Попрад исто така е почетна точка на татранската електрична железничка линија, која ги поврзува одморалиштата на Високите Татри меѓусебно и со Попрад. Главната железничка линија го поврува градот со останатите градови во Словачка и пошироко.
Remove ads
Историја
Територијата припаѓала на Кралството Унгарија уште од 10. век и најверојатно првично била населена од словенски доселеници. Во 13. век, територијата била колонизирана од германски доселеници и станала во голема мера германски град наречен Deutschendorf што во превод значи 'германско' село. Од 1412 до 1770 година, како еден од градовите во Спишкиот комитет, Попрад бил заложен од Кралството Унгарија на Кралството Полска, што резултирало со силно полско влијание врз идниот развој на градот.
Попрад, според првите пишани наводи кои датираат од 1256 година, бил 690 години (се до 1946 г.) само една од неколкутте соседни населби, кои сега го сочинуваат модерниот град. Другите делови од сегашната населба се Матејовце (први наводи од 1251 г.), Спиша Собота (1256), Велка (1268), и Страже под Татрами (1276). Најзначаен од овие првични градови бил Георгенберг (или Шепесзомбат, денес: Спишка Собота), којшто ја има зачувано својата доминантна позиција во областа сè до крајот на 19. век.
Во втората светска војна, Попрад бил окупиран на 28 јануари 1945 година од силите на советската 18. армија.
Во 1999 година, поднел кандидатура за организирање на Зимските олимписки игри 2006, но загубил од Торино.
Remove ads
Географија
Попрад се наоѓа на надморска височина од 672 метри над морското ниво и зафаќа површина од 63 км2.[1] Градот е сместен во североисточна Словачка, оддалечен околу 110 километри од Кошице и 330 километри од Братислава .
Попрад е сместен на реката Попрад во Подтатранската котлина, и е порта за Високите Татри. Планински венци околу градот се Левочките планини на исток, Козјите сртови на југ, и Ниските Татри на југозапад. Вододелницата помеѓу Црното Море и Балтичкото Море се наоѓа кон запад, близу селото Штрба.
Клима
Попрад се наоѓа во северниот умерен појас и има умерено-континентална клима со четири различни годишни времиња. Карактиристично за градот е значајната разлика помеѓу топлите лета и студените зими.
Remove ads
Демографија
Попрад има население од 55,158 жители (од 31 декември 2005 г.). Според пописот од 2001 година, 94.1% од жителите се Словаци, 2.1% Роми, 1% Чеси, 0.2% Унгарци, 0.2% Германци, 0.1% Руси, 0.1% Украинци, и 0.1% Полјаци.[1] Според религијата, 65.9% се католици, 16.8% од луѓето не се религиозни, и 7.3% се лутеранци.[1]
Знаменитости

Историскиот центар е сконцентриран околу плоштадот Свети Егидиј, кој е обиколен со градби претежно од 18. и 19 век. Црквите во градот вклучувајќи ја католичката црква „Свети Егидиј“ датираат од крајот на 13. век.
Друг историски центар околу Попрад е општината Спишка Собота, која била прогласена во 1953 година за зачуван градски споменик. Значајна знаменитост во општината е црквата „Свети Георги“,со пет олтари од готски стил и главен олтар од работилницата на Мајстор Павел од Левоча.
Од модерните градби се издвојува водениот парк Аквасити Попрад.
Remove ads
Територијална поделба
Градот е поделен на шест општини заради поделба на општинската администрација:
- Старе Место [„Стар Град“]
- Спишка Собота
- Страже
- Велка
- Матејовце
- Кветница
Спорт

Попрад моментално има еден хокеарски клуб, ХК Попрад. Лев Попрад бил уште еден хокеарски клуб, кој се натпреварувал во КХЛ лигата една сезона, но подоцна бил преместен во чешката престолнина, Прага, во 2012 година. И покрај успешната сезона 2013/2014, клубот престанал да постои поради финансиски проблеми. Голем е бројот на поранешни и актуелни хокеари кои играат во НХЛ лигата а потекнуваат од Попрад.[5]
Локален женски кошаркарски клуб е клубот Вирпул Попрад. Своите натпревари клубот ги игра во Попрад арената.
Во 1999 година, градот бил домаќин на Зимска универзијада.
Remove ads
Сообраќај

Попрад е капија на планинскиот венец Високи Татри, кој е популарно туристичко одредиште. Градот лежи на главниот автопат (Е 50) и железнички се поврзува со западна и источна Словачка.
Железничката станица Попрад-Татру го поврзува Попрад со останатите големи одредишта во словачката железничка мрежа, а со планините градот се повруза преку електрифицирана железничка пруга.
Аеродромот Попрад-Татру, кој се наоѓа на надморска височина од 718 метри, нуди летови до Лондон.[6]
Remove ads
Значајни личности
- Даниела Хантухова - професионална тенисерка (родена на 23 април 1983 г. во Попрад)
- Кароли Алекси - вајар роден во Попрад (1823)
- Петер Бондра - хокеар, повеќе од 500 голови во НХЛ лигата
- Јан Брокоф - вајар и резбар (1652 - 1718)
- Адолф Бургер - автор на мемоарите Операција „Бернхард“ адаптирани за оскаровскиот филм Кривотворители, израснал во Попрад
- Петер Ихначак - хокеар (роден во Попрад во 1957 г.)
- Лесли Киш - статистичар, роден во Попрад
- Мирослав Лајчак - дипломат, роден во Попрад
- Тибор Секељ - истражувач, есперантист, писател и адвокат роден во Спишка Собота во 1912 г.
- Луција Купчикова - словачка кошаркарка
- Антон Гавел - словачки кошаркар
- Андреј Киска - стопанственик, претприемач и актуелен Претседател на Словачка
- Зверина - рапер
Remove ads
Збратимени градови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads