Почеп

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Почепmap
Remove ads

Почеп (грчки: Μαργαρίτα, Маргарита, до 1926 г. Πότσεφ, Поцеф или Πότσεπ, Поцеп[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 157 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Кратки факти Почеп Μαργαρίτα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 3 км западно од патот Воден - С’ботско. Лежи на подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 400 м.[3]

Историја

Во антиката

Во близина на селото се наоѓаат остатоците од старомакедонската населба Маргарит, каде во XIX век се евидентирани рушевини и најдени монети.[4] Денешното грчко име се води според ова наоѓалиште, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Осмалинско време

Според месните преданија, по убиството на Али-паша Јанински селото било претворено во турски чифлик.[4] Записите од втората половина на XIX век говорат за Почеп како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Почеп (Potcheppe) е село во Воденската каза со 41 куќи и вкупно 246 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 200 жители, сите Македонци[5].[7]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. Во 1904 г. во Почеп е отворено бугарско училиште.[8] Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Почеп (Potchep) имало 208 Македонци[5] под егзархијата и работело бугарско училиште.[9] Во истиот период, Милоевиќ го регистрира селото со 30 македонски куќи.[3]

Во 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, кога на 24 октомври влегла војска која го окупирала селото и жестоко сто стапови ги тепала мештаните Трпче Попниколов, кметот Петре Чичов, Христо Божинов, Атанас Згудев, Петре Гоцев Карфиев, Jane Думов и Ѓорѓи Трпенов. Потоа, сите машки селани на возраст над 15 години се изведени вон селото и натерани да стојат на една нога цела ноќ (11 часа).[10]

Remove ads

Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Почеп е припоен кон грчката држава, кога имал 148 жители.[3] Во 1920 г. се забележани 177 жители. Дел од населението се иселило, а на негово место во 1924 г. грчките власти доселуваат 26 Грци-бегалци, со што селото добило мешан карактер. Во 1926 г. Почеп е преименуван во Маргарита, а во 1928 г. е претставено како село со 6 доселенички семејства, со вкупно 20 члена.[11] Сепак, доселниците набргу го анпуштиле селото, и тоа останало чисто македонско.

Втора светска и Граѓанска војна

За време на Втората светска војна селото било окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[12]

Почеп на страдал и во Граѓанската војна, кога во зимата 1947 г. властите го иселиле населението во Воден.[3] По нормализацијата на состојбата, селото било обновено. Порави нивното учество во војната, неколку семејства и поединци од селото морале да се преселат во Р Македонија.[3]

Население

Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Самар.

Стопанство

Главно занимање на населението се сточарството и земјоделството (главни производи се цреши и жито).

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads