Стенче

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Стенчеmap

Стенчесело во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово,[2] односно на речиси половина пат помеѓу Тетово и Гостивар.

Кратки факти
Стенче
Thumb

Панорама на Стенче

Thumb
Стенче
Местоположба на Стенче во Македонија
Стенче на карта

Thumb

Координати 41°52′36″N 21°1′59″E
Општина Брвеница
Население131 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО28078
Стенче на општинската карта
Thumb

Атарот на Стенче во рамките на општината
Стенче на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, на падините на Сува Гора, во близина на реката Вардар. Селото Стенче се наоѓа меѓу селата Волковија и Теново. Селото е оддалечено 25 километри јужно од Тетово и 14 километри северно од Гостивар.

Историја

Thumb
Фрагмент од Цветен триод Лазаревац од крајот на 16 и почетокот на 17 век, најден во Стенче

Во XX век, селото е дел од Тетовската каза на Отоманската Империја.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948739    
1953762+3.1%
1961614−19.4%
1971405−34.0%
1981276−31.9%
ГодинаНас.±%
1991214−22.5%
1994184−14.0%
2002150−18.5%
2021131−12.7%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стенче живееле 680 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стенче имало 664 Македонци, егзархисти.[4]

Според рускиот филолог, Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 101 куќа со 957 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 150 жители, од кои 149 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 131 жител, од кои 110 Македонци и 21 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 664 739 762 614 405 276 214 184 150 131
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Стенче е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Сакаровци (14 к.) живееле во старото село Стенче. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мојсовци (12 к.) исто живееле во старото село. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (две семејства), Варна (едно семејство), Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Луканој (2 к.) исто така од старото село.
  • Доселеници: Топенчоски (12 к.) доселени одамна. Не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства). П. Јовановиќ за нив дознал дека се од гостиварско. Ги викаат и Цигани; Ѓуревци (5 к.) доселени се од селото Матка во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Рупаковци или Маркои (3 к.) имаат исто потекло како и родот Ѓуревци; Којчиновци (4 к.) не знаат точно од каде се доселени. На почетокот од 19ти век Којчиновци биле богати сточари. Имале околу 600 овци. Подоцна стоката исчезнала. Најпознатиот домаќин во овој род се викал Јанкула. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и Панчево (едно семејство); Аврамовци (25 к.) потекнуваат од Матка во Скопски Дервен. На почетокот од 19ти век од таму се иселиле тројца браќа. На нив нападнале „Турци“ П.Јовановиќ за нив забележал дека се доселени од селото Глумово во близина на Матка. Браќата се населиле во Стенче и станале чобани во родот Којчиновци. Ја знаат следната генеологија Ѓурчин (жив на 80 г. во 1947 година) Крсте-Здраве-Аврам, еден од браќата кои се доселиле. Аврамовци се намножиле од браќата Аврам и Бошко. Од третиот брат не се сочувале потомци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Битола (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Романија (четири семејства); Гркачовци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мешиновци (9 к.) доселени се од некое село во охридско. П. Јовановиќ за нив слушал дека потекнуваат од крушевско. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Романија (три семејства); Попои (3 к.) потекнуваат од предокот поп Стојко. Тој се доселил од некое село во охридско. Ја знаат следната генеологија Сретко (жив на 56 г. во 1947 година) Васил-Симјан-Стојко, кој се доселил. Овде се доселени поради крвна одмазда. Од родот Стојкои биле познати свештениците Коста и Никола. Имаат иселеници во Зубовце и во Скопје (едно семејство); Аврамовци (13 к.) доселени се од селото Волче во Порече. Аврам основачот на родот е дојден како посинет. Ја знаат следната генеологија Оносим (жив на 70 г. во 1947 година) Гроздан-Неделко-Аврам. Аврам имал четири сина- Димитрија, Павле, Здраве и Неделко. Од овој род има иселеници во Скопје (едно семејство), Бугарија (три семејства), Грција (едно семејство) и во Романија (две семејства); Огњановци (1 к.) потекнуваат од соседното сега уништено село Горно Фалише; Анџаковци (7 к.) потекнуваат од предокот Рафаил. Тој се доселил од селото Галате. Тој имал пет сина- Тимосиј, Стојан, Тофил, Цветан и Русе; Крајчевци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. За нив се вели дека тешко се множат; Младен (1 к.) се доселил Младен кој е жив (во 1947 година). Овде дошол како домазет. А е роден во селото Теново; Раде (1 к.) се доселил Раде од селото Церово. Таму припаѓал на староседелскиот род Ивановци; Меновци (1 к.) се доселил основачот на родот Огњан како домазет од селото Растеш во Порече; Николоски (1 к.) потекнуваат од домазет од селото Блаце. Во Блаце постојат нивни истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Пршовце на Шар Планина.[13]

Општествени институции

Цркви[14]
ЦОУ "Гоце Делчев" - Стенче

Администрација и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2044 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Жртвеник на големата мајка пронајден на наоѓалиштето Тумба Потсело во Стенче

Личности

Галерија

Цркви
Носии и архитектура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.