Превртенец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Превртенецmap
Remove ads

Превртенец (грчки: Δελικλή Καγιά, Деликли Ќаја) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Превртенец Δελικλή Καγιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓало во непосредна близина на селото Врбени, на самиот пат од градот Вртикоп за градот С’ботско.[1]

Сместено е на 10 километри северно од општинското средиште Вртикоп.

Историја

Превртенец била мала чифлигарска населба, која македонските жители го напуштиле селото пред 1913 година поради разбојништва и се засолниле во селото Цакони, Мегленско.[1]

Стопанство

Главно занимање на населението било земјоделството.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Привиртенец (Privirténetz) е село во Воденската каза со 63 куќи и 244 жители Македонци.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Превртенец живееле 54 Македонци.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Приварјанец (Privarjanetz) имало 30 Албанци.[1][4]

Оваа населба во пописот од 1913 година била забележана со 55 жители (веројатно сточарски семејства, бидејќи македонското население го напуштило селото), додека во пописот од 1920 година се водела само со еден жител. Населбата не била обновена, поради што и се распаднала, така што не се спомнува повеќе.[1]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads