Прекоп (Асамати)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прекоп — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, каде на простор од 100 × 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото. Објектите се откриени случајно, при опаѓањето на нивото на езерото. Најверојатно се работи за рибарски населби. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]
Remove ads
Поврзано
- Асамати —осамен наод од римско време;
- Мисурица — населба од римско време;
- Ружин Гроб — тумул од железно врме;
- Св. Архангел — осамен наод од доцноантичко време;
- Св. Недела — населба од бронѕено време;
- Асамати;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads